Ирачките сили денеска над Багдад урнале авион на сојузничките трупи, при што уапсиле двајца британски пилоти, јави катарската телевизија „Ал Џезеира“. Пентагон ја демантираше оваа информација. Дописникот на катарската телевизија најпрвин јави дека британските пилоти се катапултирале над Багдад, по ...
„Турција доби согласност од САД турски воени сили да се распоредат во северен Ирак, откако Анкара го отвори воздушниот простор за потребите на американски авиони за воените интервенции врз Ирак“, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во интервјуто за американкиот весник „Њусвик“.
Список на загинатите до моментов во воената кампања во Ирак. Американски војници : 20 март - американски маринец е првата жртва во судир. 21 март - втор маринец загина во Ирак. 23 март - еден американски војник е убиен во напад на воен камп во Кувајт во кој се повредени уште 12 војници.
Пентагон денеска потврди дека десетина американски војници што се исчезнати во јужен Ирак се заробеници на ирачката армија, јави „CNN“. Информирањето на семејствата за заробениците почнало веднаш по емитувањето на снимките на „Ал Џезира“, каде беа прикажани неколкумина мажи и една жена, за кои се ...
Следува хронологија на настаните од почетокот на нападите врз Ирак. 17 март - 01:00 по Гринич - Американскиот претседател му даде 48-часовен ултиматум на ирачкиот претседател Садам Хусеин да го напушти Ирак или ќе се соочи со воена интервенција.
Серија експлозии одекнаа во Багдад непосредно по огласувањето на сирените за предупредување од воздушни напади во 14:15 по локално време. Се слушна и силен противавионски оган од неколку багдадски предградија. Универзитетската клиника „Јармук“ во Багдад соопшти дека три лица се убиени, а 200 се ...
„Ирачкиот лидер Садам Хусеин најверојатно е повреден при напад со крстосувачки проектили врз командниот штаб во Багдад, но е пренесен со амбулантно возило“, изјави британскиот министер во Министерството за надворешни работи, Мајк О`Брајан за „ВСС“.
Околу 300.000 до 450.000 лица ги напуштиле нивните домови во северозападен Ирак, соопштија денеска ОН во последниот извештај за ситуацијата во Ирак. Во извештајот се наведува дека ирачките цивили масовно ги напуштаат градовите Киркук, Ербил и Дахук и се упатуваат кон Сулајманија, на северозапад од ...
„Војната во Ирак можела да трае подолго отколку што предвидовме“, изјави денеска американскиот претседател Џорџ Буш. Рускиот шеф на дипломатијата Игор Иванов возврати: „На Ирак не му е потребна демократија донесена од крилата на `Томахавки`“.
Данска му објави денеска војна на Ирак, јавија гласилата во Копенхаген, пренесувајќи соопштение на Министерство за одбрана дека земјата и официјално е во војна со Ирак. Парламентот во Копенхаген вчера ја потврди владината одлука, Данска активно да се вклучи воената операција против режимот во ...
Нови експлозии во Багдад се слушнале вечерва, јави „Франс прес“, додавајќи дека истовремено е регистрирана и активност на ирачката противвоздушна одбрана. Во меѓувреме, американските и британските сили го продолжија своето напредување кон Багдад.
Единица на турската армија ја премина границата со Ирак, во нејзиниот северен дел, јави „CNN“. Турскиот генералштаб денеска ја демантираше оваа информација. Навлегувањето беше еден од условите кои турската влада им ги постави на САД за користење на воздушниот простор на Турција.
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Билјана Секуловска НИЕ ЛИ, НИЕ ВОЈУВАМЕ? Војната на Ирак ја објавивме со САД. Извештаите викаат дека сме напредувале на теренот. Секој има различен придонес. Американците со бомбардери, ние напредуваме со сателит- пред ТВ.
САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски ФИРОМ е членка на ОН, затоа Македонија им оди контра 1 Одвај чекам да заврши војната во Ирак. За да се покаже конечно силата на Македонија во светската антитеророристичка коалиција. На Ирачаните ќе сме им требале во постконфликтниот период.
Близок Исток, (АП) - Американските и британски сили вчера напредуваа низ јужен Ирак, дел од нив минале низ пустините без проблем, додека други се соочиле со жесток отпор. Сојузниците ја пријавија првата жртва во битките - еден американски маринец кој загинал во јужен Ирак.
МОСКВА, 22 март (Ројтерс) - Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека конфликтот во Ирак би можел да се прелее во околните региони, вклучувајќи ги тука и бившите советски држави со што ќе предизвика уште поголема нестабилност.
Поради лоши временски услови, несреќа на сојузничките сили Осум британски и четири американски војници загинаа при уривањето на еден хеликоптер во почетокот на копнената инвазија во Ирак. Британските маринци од 3.специјална бригада загинаа кога американскиот хеликоптер "ЦХ-46 си најт" се урна во ...
Лоренс Батлер ги презентираше аргументите на САД околу Ирак Слободанка Јовановска Американскиот амбасадор во Скопје, Лорен Батлер, ги презентираше на форум аргументите на САД за почнување на воената интервенција во Ирак, изјавувајќи дека по 12 години напори за разоружување и по 16 резолуции на ...
Реакција на берзите во светот по првичните случувања на ирачкиот фронт Работите можат да се сменат доколку борбите потраат Европските акции ја зголемија вредноста, а цената на нафтата го смени курсот и вчера опадна, откако американските трупи влегоа во ирачката пустина, а британските војници ...
ПОСЛЕДНИТЕ МИНУТИ ПРЕД ВОЈНАТА Извори на весникот "Вашингтон пост" тврдат дека Садам Хусеин бил ранет или убиен уште во првиот напад, а дека лицето што подоцна се појави на телевизија е негов двојник, како што го потврдила и поранешна љубовница на Садам Војната против Ирак почнала кога директорот ...
Багдад и прексиноќа беше цел на напад со крстосувачки проектили, чија цел повторно беа ирачките лидери на чело со Садам Хусеин и неговите синови. Американски офицери истакнаа дека нападот со проектилите "томахок" бил обид за "обезглавување" на Ирак и оти допрва треба да се очекува најавуваната ...
Популацијата во Ирак може да се подели на две главни етнички групи - Арапи и Курди и две поважни религиозни групи, Сунити и Шиити и двете со муслиманска вероисповест. Околу 80% од 24-те милиони Ирачани се етнички Арапи додека само 20% отпаѓаат на Курдите.
Во американско-британските напади врз Багдад минатата ноќ се повредени 37 цивили, јави денеска ирачката државна агенција ИНА, нагласувајќи дека цели на американските и британските бомбaрдери биле станбени објекти. „Врз домот на Садам Хусеин и неговото семејство било стрелано вчера, но благодартение ...
САД започнаа воздушна офанзива врз Ирак, изјави вечерва американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Тој нагласи дека во тек се жестоки бомбардирања на Багдад и други ирачки градови. На прес-конференцијата во Пентагон, Рамсфелд изјави дека „режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин почна ...
Американскиот Сенат синоќа едногласно изгласа Резолуција со која му даваат поддршка на претседателот Џорџ Буш и трупите ангажирани во војната против Ирак. „Ги поддржуваме напорите и водството на претседателот Буш како главен командант во судирите со Ирак“, се наведува во Резолуцијата усвоена во ...
Во Кувајт Сити претпладнево повторно се огласија сирените за воздушна опасност, а во градот се слушаат силни детонации. Според кувајтски воени воени извори, детонациите најверојатно се од испалувањето на проектилите „Патриот“ кои се користат за пресретнување на ирачките ракети „Скад“.
Војната во Ирак се заканува да се прошири и на други региони, а можно е и дестабилизирање на ситуацијата во некои од поранешните републики на Советскиот Сојуз, предупреди денеска рускиот претседател Владмиир Путин. „Кризата веќе се прошири и не е само локален конфликт, таа денеска претставува ...
Вашингтон ја поздрави одлуката на турскиот Парламент за отворање на нејзиниот воздушен простор за американските воени авиони, но ја предупреди Анкара да не делува еднострано и да не „влегува“ во северен Ирак за да ги стави под надзор тамошните Курди.
Советот за безбедност на ОН воведе санкции кон Ирак во 1990 година по ирачката инвазија врз Кувајт. 24 февруари 1991 - Заврши војната во Заливот со ослободување на Кувајт. Ирак се согласи да стави крај на програмите за производство на оружје за масовно уништување и за тоа да поднесе извештај до ...
ВОЕНИОТ ПЛАН НА ИРАЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Првиот дел од нападот е со цел да забави напредувањето на сојузничкките сили, предизвикувајќи бран бегалци вклучувајќи и голем број воени дезертери во густо населените јужни провинции кои се граничат со ...
Садам Хусеин е роден на 28 април 1937 година, во селото Ал-Авџа, кај градот Тикрит, 175 километри северно од Багдад. Член е на БААС партијата од своите 20 години, а една година по симнувањето на монархијата, во 1959 година, учествува во заговорот против претседателот Абдул Карим Касем.
ОПЕРАЦИЈА "СЛОБОДА ЗА ИРАК" Во нападите пред изгрејсонце, САД вклучи четири американски крстосувачи и две подморници кои испукаа неколку проектили "томахавки" БАГДАД, 21 март (Ројтерс) - САД вчера пред изгрејсонце извршија напад врз Ирак со селективни воздушни напади врз Багдад.
Турскиот претседател го критикуваше американскиот напад врз Ирак АНКАРА - Турскиот парламент го усвои предлогот американските авиони да го користат турскиот воздушен простор за војна против Ирак. Одлуката овластува и влез на турските сили во северен Ирак за да се спречи можниот бран бегалци да ...
Ирак возврати на американските воздушни напади КУВАЈТ - Ирак вчера истрела проектили "скад" врз Кувајт, соопштија официјални лица, поради што американските војници брзо беа принудени да употребат заштитна облека од хемиски напад, а сирените за воздушен напад одекнуваа во градот Кувајт.
Напад на Ирак ВАШИНГТОН - Американските сили ја почнаа војната против Ирак, со напади на Багдад, во кои цел беа претседателот Садам Хусеин и други високи ирачки претставници. Претседателот Буш издаде наредба за првите напади врз Багдад, откако беше известен од ЦИА дека е познато местото каде што се ...
Американците го извршиле првиот напад врз Ирак без британско учество ЛОНДОН - Велика Британија вчера соопшти дека нејзините единици се подготвени за брза ескалација во војната против Ирак, и негираше дека САД го потиснале настрана главниот сојузник со првиот, унилатерален напад врз Багдад.
Денко Малески Конфликтот на Блискиот Исток е војна меѓу Америка, којашто троши 400 милијарди долари годишно на вооружување, и Ирак, кој троши 1,4 милијарди долари. Значи, односот на сили е близу 1:400. Но, иако моќта е крајниот арбитер во меѓународните односи, па победата на САД е несомнена, во ...
Три часа откако САД ја почнаа војната, Садам Хусеин се појави на телевизија БАГДАД - Ирачкиот претседател Садам Хусеин, вчера се појави на државната телевизија, три часа откако САД ја почна војната за негово соборување и го обвини американскиот претседател Џорџ Буш дека врши криминал против ...
ПОЧНА СОЈУЗНИЧКАТА ОПЕРАЦИЈА "СЛОБОДА ЗА ИРАК" Сојузнички воен командант во Кувајт изјавил дека обидите за егзекуција на ирачкото раководство ќе продолжат уште неколку дена и оти ќе прилегаат на вообичаените патроли во забранетите зони за летање, само што ќе бидат пожестоки Америка вчера рано ...
ПО АМЕРИКАНСКИОТ НАПАД ВРЗ ИРАК Албанскиот премиер Фатос Нано изјави дека Албанија е горда што е со САД, а косовскиот премиер Бајрам Реџепи порача дека Косово целосно го поддржува американскиот напад врз Ирак Франција, Германија, Русија и Кина остро реагираа на американскиот напад врз Ирак велејќи ...
РЕАКЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ ВРВ По почетокот на воените операции во Ирак, претседателот Борис Трајковски вчера изјави дека Република Македонија "уште еднаш ја потврдува припадноста и поддршката" на Коалицијата предводена од САД и Обединетото Кралство за разоружување на режимот на Садам Хусеин.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЗА "ДНЕВНИК" Нашата позиција во ирачката криза сега има само политичка димензија, вели Трајковски Република Македонија е рамноправна членка на глобалната антитерористичка коалиција против Садам Хусеин, но нејзината позиција сега има само политичка димензија.
ПОЧНА СОЈУЗНИЧКАТА ОПЕРАЦИЈА "СЛОБОДА ЗА ИРАК" Америка вчера рано изутрина ја почна долгонајавуваната војна против Ирак, која го доби името "Операција - слобода за Ирак ". Војната не почна со очекуваното жестоко бомбардирање, туку со прецизен проектилски напад за елиминирање на раководството во ...
ДРУГИТЕ АМЕРИКАНЦИ ПОБЕГНАА Телевизиската куќа "Си-ен-ен" е единствената телевизија од САД што се уште има своја екипа во Багдад, јави Ројтерс. Телевизиската мрежа "Си-би-ес" во средата го повлекла својот тим од ирачкиот главен град од безбедносни причини, со што му го препушти телевизиското ...
Американски проектили вечерва ја погодиле резиденцијата на ирачкиот претседател Садам Хусеин во Багдад, каде тој живее со неговиот син Удај и семејството. Никој не е повреден, јавува ирачкото радио. Багдад вечерва е изложен на интензивно бомбардирање и во градот се слушаат силни експлозии и оган од ...
Директорот на Американската разузнавачка служба Џорџ Тенет неколку часови пред првиот напад врз Ирак го информирал претседателот Џорџ Буш дека ЦИА знае каде се наоѓа ирачкиот претседател Садам Хусеин, соопшти денеска „Вашинтон пост“.
Разочараност, жалење, „сериозна политичка грешка“, се дел од реакциите во светот за почетокот на војната во Ирак, повикувајќи ги САД да ги запрат нападите. Некои од државите отворено ја поддржаа воената операција. ООН : Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан денеска ги повика двете ...
Претседателот Борис Трајковски, во првата официјална реакција во Македонија на почетокот на нападите врз Ирак, ја потврди „припадноста и поддршката на Република Македонија“ на коалицијата предводена од САД и Велика Британија во акцијата за разоружување на режимот на Садам Хусеин.
Американскиот амбасадор во Македонија Лоренс Батлер вечерва пред дел од македонските политичари ги презентираше американските аргументи за нападот врз Ирак. „Садам Хуесин е прв кој употреби хемиско оружје против својот народ.
Во 3 часот изутрината САД го нападнаа Ирак, само 90 минути по истекот на ултиматумот на претседателот Џорџ Буш ирачкиот лидер Садам Хусеин да ја напушти земјата. Меѓународниот црвен крст соопшти дека во првите воздушни напади е убиено едно, а се повредени 14 лица.
МНР, по повод започнувањето на војната во Ирак, „со жалење констатира дека сите напори на меѓународната заедница за мирно решавање на ирачката криза се покажаа како неуспешни“. „Изразуваме надеж дека воената операција за разоружување и уништување на средствата за масовно уништување на режимот на ...
Ирак располага со одбранбен систем кој не треба да биде потценет иако според проценките на воените стручњаци се уште не се докрај опоравени од поразот во Заливската војна. Според податоците на Меѓународниот институт за стратешки студии со седиште во Лондон, армијата на Ирак 350.000 војници, 2.600 ...
Ирачкиот претседател Садaм Хусеин во денешното обраќање до нацијата повика на отпор против војната што ја започна САД и најави победа. Облечен во воена униформа и црна беретка Садам изјави: „Вие ќе бидете победници против нашите непријатели. Ќе им се спротивставиме на окупаторите.
Садам Хусеин е роден на 28 април 1937 година, во селото Ал-Авџа, кај градот Тикрит, 175 километри северно од Багдад. Член е на БААС партијата од своите 20 години, а една година по симнувањето на монархијата, во 1959 година, учествувал во заговорот против претседателот Абдул Карим Касем.
Американскиот претседател Џорџ Буш, со подршка на британскиот премиер Тони Блер, започнувајќи ја за денеска најавената војна за уривање на режимот на ирачкиот лидер Садам Хусеин, означи почеток на крупни промени во светскиот поредок.
Ирачките воени заробеници чекаат на ред на граничкиот премин за влез во Ирак ТЕХЕРАН, 20 март (Ројтерс) - Ирак соопшти дека вчера заврши првата фаза од големата размена на заробеници со соседен Иран во која се вклучени 1.200 осуденици меѓу кои има и стотина кои биле заробениво Иранско-ирачката ...
Анкара, 20 март (АП) - Американските и британските воени авиони што ќе полетуваат од турската воена база "Инџирлик" во рамките на евентуалната воена интервенција против Багдад, нема да им биде дозволено да бомбардираат цели во ...
ИСТЕКУВА РОКОТ НА ЏОРЏ БУШ ПЕРСИСКИ ЗАЛИВ, 20 март (Би-Би-Си њуз) - Сојузничките сили предвоедни од САД кои се распоредени во Персискиот залив заземаат борбени позиции за инвазија врз Ирак. ПЕРСИСКИ ЗАЛИВ, 20 март (Би-Би-Си њуз) - Сојузничките сили предвоедни од САД кои се распоредени во Персискиот ...
САД НИ НАПРАВИЈА ЧЕСТ Стејт депратментот го објави списокот на земји што го поддржуваат Вашингтон во војната против Ирак Македонија ќе учествува во војната со Ирак под своето уставно име. Таа се најде на конечната листа на земји што ги поддржуваат САД, и тоа не под името БЈРМ туку како Република ...
Според главниот американски поморски командант во Заливот Главниот американски поморски командант во Заливот, вчера ги извести морнарите дека војната со Ирак е "многу веројатно" да се случи за неколку дена. "Не знам сигурно дека ќе заминете.
Британско-американска воздушна акција ВАШИНГТОН - Британските и американските авиони вчера фрлија речиси два милиона летоци врз Ирак, во 29 воени и цивилни локации во југоисточниот дел на земјата, соопшти американската војска.
Ирак На генералите им е испорачано хемиско оружје За ирачката одбрана можат да бидат клучни два фактора - хемиското оружје и урбаната герила во Багдад, како една варијанта на сталинградското сценарио. Со тоа се согласуваат и генералите во Пентагон.
Анкара тактизира околу одлуката за распоредување американски трупи на турска територија АНКАРА - Турската влада бара одобрување од парламентот за американското барање да се користи воздушниот простор на државата за мисии против Ирак.
Американците по вторпат воено се групираат пред портите на Багдад БАГДАД - За 280.000 американски и британски војници кои се подготвуваат да го нападнат Ирак и градот во прав Багдад, што се протега на бреговите на реката Тигар, можеби не е ништо повеќе од цел на нивните напади.
ВОЕНИ ПЛАНОВИ ЗА БОМБАРДИРАЊЕ И ИНВАЗИЈА НА ИРАК Врз одлуката за напад ќе влијае и временската прогноза, особено откако пустинска луња завчера ги запраши американските инвазиски сили распоредени на кувајтско-ирачката граница Војната против Ирак ќе почне за ден-два "на спектакуларен начин, без ...
ПРЕД ОЧЕКУВАНИОТ НАПАД Додека некои жители на Багдад купуваат храна, радиоприемници и гасни решоа, други парадираат низ улиците вооружени со "калашњикови" Очекувајќи војна можеби уште денеска, цените на неопходните продукти во главниот ирачки град Багдад и во другите делови на земјата се ...
Кондолиза Рајс, советничката на Џорџ Буш за национална безбедностСпремни сме за акцијаНафтата и другите ирачки богатства им припаѓаат на Ирачаните. Меѓутоа, промените ќе се состојат во тоа што огромните приходи кои се остваруваат од продажбата на нафтата нема, како досега, да се користат за градење ...
Ирак зафаќа површина од 437.000 квадратни километри и во него живеат 23 милиони жители (урбаната популација опфаќа 70 отсто). Главен град на Ирак е Багдад, населен со 5 милиони луѓе. Во државата живеат неколку етнички групи меѓу кои 80 отсто се Арапи, 16 отсто се Курди, а 4 отсто се Ерменци, ...
Американските гласила деновиве се преплавени со анализи за војната со Ирак, откакао стана јасно дека нема назад по ултиматумот што претседателот на САД Џорџ Буш му го постави на ирачкиот лидер Садам Хусеин да ја напушти својата земја до утре во еден часот изутрина.
Ирачкиот Парламент денеска едногласно го одби американскиот ултиматум за напуштање на државата на ирачкиот претседател само неколку часа пред истекот на времето дадено со ултиматумот. „Заминувањето на Садам во егзил нема никогаш да се случи.
Багдад се повеќе се претвора во „виртуелен град на духови“ како што се наближува почетокот на војната, односно крајниот рок на ултиматумот на американскиот претседател Џорџ Буш упатен до ирачкиот лидер Садам Хусеин. „Градот на мирот“, како што го нарекуваат мештаните, полека го забавува уличниот ...
Војната против Ирак ќе почне најверојатно за два дена, јавија денеска дел од западните медиуми, пренесувајќи го тврдењето кое денеска на екипажот на „Кити Хоук“ им го пренел вицеадмиралот Тимоти Кијтинг. Американски трупи денеска навлегоа во демилитаризираната зона долж границата меѓу Кувајт и ...
На американските и британските воени авиони што ќе полетуваат од турската воена база „Инџирлик“ во рамките на евентуалната воена интервенција против Багдад, нема да им биде дозволено да бомбардираат цели во Ирак, изјави за западни медиуми неименуван извор близок до Владата во Анкара.
Биофграфските подароци за Садам Хусеин и неговото семејство многу тешко се наоѓаат. Официјална биграфија на ирачкиот претседател не постои, а скудни се и информациите за неговите блиски соработници. Садам Хусеин, цело име Садам Хусеин ал-Тикрити, е роден на 28 април 1937 година во ирачкиот регион ...
48 - ЧАСОВНИОТ УЛТИМАТУМ ЗА ИРАЧАНИТЕ ИСТЕКУВА УТРЕ ВАШИНГТОН, 19 март (Ројтерс) - Со својот ултиматум од 48 часа американскиот претседател Џорџ Буш му постави рок на ирачкиот претседател Садам Хусени да си замине од власт до утревечер.
Американскиот претседател му постави 48-часовен ултиматум на ирачкиот претседател за војна БАГДАД/ВАШИНГТОН- Ирачкиот претседател, Садам Хусеин, го отфрли американскиот ултиматум да замине во егзил или да се соочи со војна, откако американскиот претседател Џорџ Буш во понеделникот му даде улиматум ...
Откако САД, Британија и Шпанија се откажаа од напорите да добијат поддршка од ОН за воена акција ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, во понеделникот му нареди на персоналот на ОН да го напушти Ирак откако САД, Британија и Шпанија се откажаа од напорите да добијат ...
Кувајтска Пустина СЕВЕРЕН КУВАЈТ - Американските единици во Кувајтската Пустина вчера изутрина се преместуваа на нови позиции и вршеа последни подготовки за инвазија врз Ирак, додека американскиот претседател Џорџ Буш му даде на Багдад ултиматум за војна од 48 часа.
Светот се подели по ултиматумот на Џорџ Буш ЛОНДОН - По ултиматумот кој американскиот претседател Џорџ Буш му го упати на ирачкиот претседател Садам Хусеин, по повлекувањето на Предлог-резолуцијата за Ирак во Советот за безбедност, опозицијата во Франција и во Германија која се противи на војната, ...
Дводневниот ултиматум за Садам да ја напушти власта или да се соочи со инвазија завршува во четврток рано наутро. Буш го постави ултиматумот во вторникот во 2.15 часот според наше време (понеделник 20.15 часот во Вашингтон, односно вторник 4.15 часот во Багдад).
ПОСЛЕДНА ЗАКАНА ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БУШ Садам вчера го отфрли ултиматумот, а неговиот син Удај на Американците им се закани со крвава борба за секоја педа од Ирак Американскиот претседател Џорџ В. Буш вчера им порача на ирачкиот лидер Садам Хусеин и на неговите синови дека имаат рок од 48 ...
Македонските граѓани кои по различна основа се наоѓаат во Ирак или во земјите во неговото непосредно соседство, а чие присуство не е неопходно, веднаш да го напуштат блискоисточниот регион, препорача денеска МНР. Имајќи ги предвид актуелните состојби, МНР веќе ги извести македонските граѓани во ...
Владата во Анкара денеска ќе одржи специјална средба посветена на поддршката на Турција за воената интервенција на САД во Ирак, изјави турскиот заменик-премиер Абдулатиф Сенер. Сенер претходно оствари средба со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Абдула Ѓул и со ...
Американскиот претседател Џорџ Буш му даде ултиматум на ирачкиот лидер Садам Хусеин и неговите синови да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, ако сака да ја избегне војната. Ирачкото раководство го одби ултиматумот, најавувајќи победа на Ирак врз САД во „ирачката последна битка“.
НА САДАМ ХУСЕИН МУ СЕ ОДБРОЈУВААТ МИНУТИТЕ ЗА ВОЈНА Инспекторите на ОН добиле предупредување од САД дека е време да си одат од Багдад, а тоа веќе го стори речиси сиот дипломатски персонал во Ирак ВИЕНА, 18 март (Ројтерс) - Главниот инспектор за нуклеарно оружје на ОН Мохамед Ел Барадеи вчера изјави ...
Големите европски сили и членки на Советот за безбедност цврсто остануваат на својот став Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ирачката криза треба да се разреши по мирен пат и дека секој друг приод ќе биде грешка.
Експертите за меѓународно право со спротивставени гледишта за војната во Заливот Велика Британија и САД може многу брзо да се најдат во војна со Ирак иако се уште е присутна дилемата - дали таа ќе биде легална или не? Експертите за меѓународно право имаат спротивставени гледишта во врска со тоа што ...
МНР Министерството за надворешни работи наредниве денови, доколку се процени дека има потреба, ќе ги повика македонските граѓани да се повлечат од регионот околу Ирак. Засега останува препораката македонските граѓани да се обраќаат до Амбасадата на Србија и Црна Гора во Кувајт за евентуална ...
ОЧЕКУВАЈЌИ ИНВАЗИЈА Аналитичарите предвидуваат дека мали и мобилни единици на Револуционерната гарда ќе се прикријат на очекуваниот пат на непријателите и ќе отвораат оган врз конвоите Ирачките единици ќе се обидат со партизанско војување што е можно повеќе да ја забават очекуваната инвазија на ...
ВО СЕКОЈ МОМЕНТ СЕ ОЧЕКУВА ДА ПОЧНЕ НОВАТА ЗАЛИВСКА ВОЈНА Буш подготви говор во кој бара од ирачкиот лидер Садам Хусеин да го напушти Ирак за да избегне војна Инспекторите за оружје на Обединетите нации вчера добија наредба итно да се повлечат од Ирак, што се толкува како знак дека сојузничките ...
Американскиот претседател Џорџ Буш вечерва ќе и се обрати на нацијата со ултиматум до ирачкиот претседател Садам Хусеин да ја напушти земјата, со што и практично ќе ја најави воената операција против Ирак. Белата куќа денеска соопшти дека обидите за разоружување на Ирак по дипломатски пат се ...
Лондон/Париз 17 март (АП) - Одобрувањето нова резолуција за Ирак во Советот за безбедност на ОН е политички пожелен, но не и неопходен чекор за решавање на ирачката криза, тврди шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар. Тој вчера на Азорските острови се сретна со американскиот претседател Џорџ Буш и ...
Оцена на американскиот амбасадор во Скопје "Задоволен сум од силната поддршка на претседателот Трајковски и Владата", во саботата рече американскиот амбасадорот во Македонија, Лоренс Батлер, и прецизира дека с? уште се водат разговори и за можноста за испраќање македонски војници во Ирак.
САД ја предупредуваат Турција АНКАРА - Претседателот на САД Џорџ Буш деновите испратил писмо до новиот премиер на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во кое го предупредува дека евентуалната едностарана воена интервенција на Анкара во северен Ирак може да доведе до судири меѓу турските и американските ...
Вонредна средба за ирачката криза меѓу САД, Велика Британија и Шпанија ЛОНДОН - Велика Британија вчера инсистираше дека самитот со САД и Шпанија не е совет за војна и дека ќе бидат разгледани неколку опции, меѓу кои и можното мировно решение на ирачката криза.
ДИПЛОМАТСКА ПРЕСМЕТКА СПРОТИ ОЧЕКУВАНАТА ВОЈНА ВО ИРАК Шпанскиот премиер вчера изјави дека САД и сојузниците имаат легитимна основа да го нападнат Ирак и без нова резолуција од Советот за безбедност на Обединетите нации, јави Ројтерс. - Нова резолуција од ОН е пожелна, но не е правно неопходна.
БАГДАД Ирачкиот претседател Садам Хусеин завчера со декрет ја подели земјата на четири воени зони под негова команда и им нареди на силите за безбедност да ги уништат сите непријателски сили при евентуална инвазија од САД и нивните сојузници, јави Ројтерс.