Премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ги надминале разликите околу "нон-пејперот" што МНР го дели со посредство на дипломатитете низ светот, како дел од кампањата за добивање покана за членство во НАТО.
Во пресрет на Самитот на НАТО во Букурешт во април идната година и покрај реформите за влез во Алијансата, во периодот што следи Македонија треба да ги зајакне односите и да го интензивира лобирањето кај земјите членки на НАТО и ЕУ.
Грција има дилеми за употребата на вето на влезот на Македонија во НАТО, поради последиците кои би ги почувствувал регионот, но и таа самата ако тоа го направи, оцени вчера шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Според него, преговорите за името треба да продолжат, но без да бидат временски ...
Турскиот Премиер Ердоган ги повика своите функционери во НАТО да лобираат Македонија во април да добие покана за членство под нејзиното уставно име. - Важно е трите земји од Јадранската повелба Македонија, Хрватска и Албанија заедно да влезат во НАТО.
Прашањето за името е билатерално, но и не е билатерално, оцени германскиот амбасадор во НАТО, Урлих Бранденбург вчера во Скопје. Тоа го објасни со студијата од 1995 година за проширување на НАТО, во која меѓу критериумите за покана за членство наведени се и добрососедските односи, а упати и на ...
"Нон-пејперот" или непотпишаниот документ беше презентиран завчера од извори во МНР. Со него им ја објаснува на членките на НАТО и на ЕУ македонската приказна, постигнувањата во евроатлантскиот интегративен процес и позицијата во спорот за името со Грција Владата и премиерот Никола Груевски му се ...
Спорот со Грција околу нашето уставно име ниту една земја не го поставува како критериум за членство, тврдат од МНР. Сепак, признаваат дека речиси сите земји укажуваат дека Грција е членка и во секој момент формално може да стави вето Реални се очекувањата да добиеме покана за НАТО на Самитот во ...
Наспроти европските лидери, САД порачуваат дека за да се влезе во НАТО, доволно ќе биде да се покаже конструктивност Македонија е исправена пред дилемата името или НАТО. Така изгледаат работите, според премиерот Никола Груевски, на неполни 4 месеци до Самитот на Алијансата во Букурешт.