Не знаеме со сигурност каква ќе биде одлуката на Европскиот совет на министри, кој во декември треба да донесе одлука дали на земјава треба да и бидат укинати визите од страна на Европската Унија. Подобро е да чекаме отколку да шпекулираме за можниот исход, со воздржаност одговара холандската амбасадорка Симоне Филипини на последните информации од Брисел дека е можно одлагање на укинувањето на ...
Не може и рано е да се шпекулира со датуми за укинување на визите за македонските граѓани, велат од Мисијата на ЕУ во Скопје, како одговор на пишувањата на некои медиуми дека процесот на визна либерализација ќе се пролонгира за 2010 година, наместо за средината на 2009, како што беше најавувано. "Не шпекулираме со датуми.
Европската комисија најави, но денеска не го објави првичниот извештај за остварените реформи неопходни за Македонија да добие визна либерализација. Од мисијата на Европската унија во Скопје велат дека извештајот можеби ќе се објави до крајот на месецов.
Германија изјави дека не треба да се најавуваат датуми за укинување на визите. Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Европската комисија се' уште не излегува со став околу укинувањето на визниот режим за земјите од Западен Балкан и, според последните информации, извештајот што требаше да биде подготвен неделава се работи и натаму и сега се најавува за крајот на ноември.
Неизвесноста околу укинувањето на визите за 2009 за Македонија продолжува. Оценките за напредокот на кандидатите за визна либерализација се одложуваат до крајот на овој месец и тие нема да бидат достапни за јавноста. Оценките за сработеното ќе им бидат директно презентирани за земјите членки на ЕУ каде и лежи конечната одлука за укинувањето.
Визниот режим е резултат на 17 годишната нестабилност на Балканот. Во Европската Унија постои политичка волја да се надмине оваа бариера, но во моментот кога ќе ги укинеме визите, мораме да бидеме сигурни дека од другата страна на границата имаме доверлив партнер – порача Патрик Пакет, политички советник во канцеларијата на ЕУ во земјава.
Македонија ги има исполнето повеќето од барањата утврдени со патоказот кој Европската унија и го постави со цел укинување на визите, е заклучокот од извештајот подготвен од македонскиот Центар за истражување и креирање политики. Според овој извештај, сите критериуми, од технички аспект, се завршени, единствено е потребно подобрување на административните капацитети, како и во точно утврден рок да ...