TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кометал ЃП ќе игра на Европското клупско првенство

Време - 11.11.2004

РАКОМЕТ Женскиот ракометен првак Кометал Ѓорче Петров, по предлог од Европската ракометна федерација (ЕХФ) и од германскиот Лајпциг, од 26 до 30 декември ќе учествува на Европското клупско првенство, каде што право на настап имаат ланските победници во еврокуповите.

Кометал ЃП на годинашниов Суперкуп во Лајпциг

Вест - 11.11.2004

РАКОМЕТ - ЕХФ МУ УКАЖА ГОЛЕМА ЧЕСТ НА НАШИОТ ШАМПИОН Кометал Ѓорче Петров ќе биде дел од ракометниот спектакл во Лајпциг, Германија, каде од 27 до 30 декември ќе се одржи 11. издание на Европското клупско првенство, популарниот Суперкуп.

Кометал вторпат на клупското ЕП

Утрински - 11.11.2004

Од 27 до 30 декември во Лајпциг, како замена по отказот на Икаст Во Б-групата заедно со македонскиот првак се Крим и Виборг Кометал Ѓорче Петров неочекувано доби можност за порано излегување на европската ракометна сцена сезонава со поканата за учество на Европското клупско првенство што од 27 до ...

Кометал ЃП поканет на европско клупско првенство

Дневник - 11.11.2004

РАКОМЕТ Европски женски ракометен првак од 2002 година и победник на Суперкупот истата година, македонскиот Кометал ЃП, доби покана да учествува на Европското клупско првенство (27 - 30 декември), во Лајпциг, Германија. Во втората група се уште и екипите на Виборг, актуелниот освојувач на Купот на ...

КОМЕТАЛ ЃП ВО ГРУПА СО ВИБОРГ И КРИМ

Вечер Прес - 11.11.2004

Македонскиот женски првак Кометал Ѓ.Петров доби големо признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ). До канцеларијата на нашиот шампион стигна покана за учество на претстојниот Супер куп, што ќе се одржи од 27 до 30 декември во Германија.