Анализа ВАНЧО УЗУНОВ Работите во трите извештаи ги знае(в)ме и сами, но требаше да бидат објавени „однадвор“ за да ги послушаме Интересна работа се овие извештаи во чии економски анализи е вклучена и Македонија, а кои некако се намножија во последно време.
Поуката што мора секој одговорен политичар во државата да ја извлече е едноставна - Извештајот е одлична (можеби последна) можност да ставиме прст на чело и да се замислиме за своите постапки Деновиве одбележуваме годишнина од добивањето на статусот земја-кандидатка за зачленување во ЕУ. Втора.
Македонија се наоѓа на само неколку дена по добивањето на извештајот на Европската Унија за прогресот постигнат во минатиот дванаесетмесечен период. Се појавија многу толкувања, цитирања, дефинирања. Пред се, премногу политички злоупотреби на овој извештај.
Груевски во своите приоритети треба да ги стави и политичките и меѓуетничките прашања Груевски треба да биде иницијатор за формирање национално тело за евроинтеграции, со предлог телото да го води шефот на опозицијата, заради преземање дел од одговорноста за најзначајниот процес МАНЧО МИТЕВСКИ Од ...
ФУЕРЕ ГО ПРЕЗЕНТИРА ИЗВЕШТАЈОТ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Да се формира национален совет за европска интеграција за да се забрзаат реформите и Македонија да добие датум за преговори со Унијата, предложи Радмила Шеќеринска, претседателка на СДСМ, откако вчера евроамбасадорот Фуере го претстави извештајот на ...
Мислења ЕРМИРА МЕХМЕТИ Обидот на Владата да се оттргне вниманието од извештајот на Европската комисија е неодговорен и несериозен Го пишувам овој текст со огромно разочарување. Извештајот на Европската комисија за прогресот на Македонија објавен во вторникот не содржи датум за почнување преговори ...
Бриселското огледало ја измести диоптријата кај македонските политички актери СОЊА КРАМАРСКА Шлаканиците од Брисел не го зацрвенија образот ниту на Владата ниту на опозицијата, иако во одделни сегменти забелешките во кои доминираат критиките кон власта не ја одминуваат ниту опозицијата.
Македонија стана единствена држава во историјата на Европа која и по две години од стекнувањето на кандидатски статус во ЕУ не може да започне преговори . Според презентираното во Брисел и според оценките во извештајот, тоа нема да се случи ниту в година.
Евроамбасадорот Фуере денеска пред координаторите на парламентарните групи и членовите на собраниските комисии за европски прашања и за надворешна политика го презентира извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во 2007 година. Фуере ги искажа сите позитивни, но и негативни делови од Извештајот.
ОБЈАВЕН ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Како што беше и извесно, Европската комисија не даде препорака за датум за започнување на преговори со Македонија во извештајот за нејзиниот напредок кон членството во ЕУ, кој беше објавен вчера во Брисел и во Скопје.
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ УСВОИ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА БАЛКАНОТ Цветин Чилиманов Република Македонија не доби датум за почнување на преговорите со Европската Унија. Европската комисија вчера ги усвои новата стратегијата за проширување кон Балканот, годишниот извештај за Македонија и одлуката ...
Фуере побара да не се бараат виновници, Груевски одговори дека опозицијата има своја вина за тоа што не сме добиле преговори Наместо за работа, во Македонија секогаш се зборува за тоа кој е виновен за несработеното и прстот се посочува на другиот: амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере влегува во Владата со ...
Извештајот не е негативен, туку реален приказ на случувањата во земјава, оцени Европската комисија Политичката напнатост во Македонија ги забавува реформите и е неопходен конструктивен политички дијалог, е главната порака што Европската комисија вчера и' ја упати на Македонија објавувајќи ги ...
Имате застој во усвојувањето на европските закони, не се обрнува внимание на квалитетот на законите што се носат – Ерван Фуере ја објаснуваше пред пратениците критичноста на Брисел – го повика Парламентот да покаже капацитет за донесување на потребните реформи – од власта побара да ја преземе ...
Европреставникот Ерван Фуере лично му го предаде извештајот на Европската комисија на Никола Груевски. Премиерот го оцени како балансиран текст за состојбите во Македонија погледнат низ очите на Европската унија. Европреставникот Ерван Фуере лично му го предаде извештајот на Европската комисија на ...
Тензиите во политичкиот дијалог ги поткупуваат политичките институции и ги забавуваат реформите – ова е главната констатација во извештајот на Брисел за политичките критериуми, која денеска ја нагласи и евро-амбасадорот Фуере – дијалогот е клучен за решавање на проблемите и за консензус порача ...
Скопје Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи дебатата по Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2007 година, како и за активностите неопходни за членство во Европската унија (ЕУ) и НАТО. Во дебатата што започна во понеделникот се одвива според очекувањата.
Во деловите во кои Владата може да делува сама, без да зависи од опозицијата или од некои други фактори во државата, имаме позитивни работи, а во деловите каде е потребна волјата и на некој друг имаме и по некоја слабост, порача премиерот Груевски Македонија постигна голем прогрес, особено во ...
Владата на Груевски е виновна за лошиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, едногласни се во обвинувањата двете најголеми опозициски партии СДСМ и ДУИ. Наместо Македонија да оди напред со својата лидерска позиција за добивање на датум за преговори за членство во Европската ...
Вчерашниот владин став дека станува збор за најдобриот извештај досега денеска спласна во воздржан коментар дека извештајот е избалансирана оценка и реален поглед на Европа на состојбите во Македонија. Успесите Премиерот и ги припиша на Владата, неуспесите ги сподели со опозиција.
Откако им го подели извештајот на Европската комисија, Фуере денеска и јавно ги повика лидерите да го земат в предвид ова како четиво во наредните месеци, затоа што од Парламентот отсуствува политички дијалог власт-опозиција. Фуере очекува и власта и опозицијата да работат, а не да губат време.
ВО ПРЕСРЕТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Ова е најдобар извештај што досега сме го имале. Поезијата е напред, кај политичките критериуми, додека во сегментот со економијата и со борбата против корупцијата се содржани факти.
Извештајот на Европската комисија, според високи владини извори, дава реална и објективна слика за состојбите во земјава Безбедноста во земјава не се оценува како лоша и наведено е дека, генерално, нивото на безбедност е задоволително: зградата на Европската комисија ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА ТАМАРА ...
Европската комисија не предвидува ново проширување во наредните три до пет години, се посочува во извештајот , кој македонската влада го оценува за „објективен“ Европската комисија не предвидува ново проширување на Унијата во краткорочна перспектива, се посочува во извештајот за напредокот на ...
Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, кој ќе биде објавен денеска, ќе биде реален и објективен, правилно ќе ја отслика состојбата во државата. Ова ќе биде досега најпозитивниот извештај на ЕК за Македонија, оценуваат во Владата.
Скопје Ситуацијата во македонскиот Парламент е разочарувачка, изјави денеска евроамбасадорот, Ерван Фуере во Скопје. „Колку побрз напредок направат самите тие (пратениците) , толку побрзо земјата ќе се приближи кон Европската Унија“, истакна Фуере.
Скопје/Брисел Македонија нема датум за преговори за членство во Европската унија (ЕУ) во најновиот извештај на Европската комисија објавен денеска во Брисел и тој момент е одложен најмалку за една година. „Македонија има голем прогрес во битката со корупцијата.
Скопје/ Брисел Македонија нема датум за преговори за членство во Европската унија (ЕУ) во најновиот извештај на Европската комисија, објавен денеска во Брисел. „Македонија има голем прогрес во битката со корупцијата. Политичките конфликти што продолжуваат, малку го одолжуваат нејзиниот дијалог (со ...
Скопје Македонскиот премиер Никола Груевски Извештајот на Европската Комисија го оцени како балансиран осврт на она што се случуваше во Македонија во последните 12 месеци погледнато од очите на ЕУ. Тој додаде дека во одредени области има напредок, но и слабости, како и препораки.
Скопје Македонија има капацитети да помине во фаза на започнување на преговори за членство во Европската унија(ЕУ). “Немам сомневање дека земјата има капацитет да ги спроведе сите реформи и да помине во следната фаза започнување на преговори со ЕУ“, рече Фуере на денешната презентација на ...
Скопје Власта и опозицијата да постигнат широк консензус за остварување на зацртаните цели што ќе доведат до почеток на преговори и прием на Република Македонија во Европската унија(ЕУ). Ова, на денешната презентација на Извештајот на Европската комисија(ЕК), го порача европретставникот во ...
Официјално Скопје ги чита позитивно внимателно избраните термини и фрази на дипломатите од Брисел кои го подготвија извештајот за Македонија. Иако во него нема препорака за почнување на преговори, македонската Влада смета дека извештајот што ќе биде објавен утре ја донесува најдобрата оценка за ...
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЧЕКА ДО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН СО НАДЕЖ ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ Цветин Чилиманов „Време“ преку дипломатски извори дојде до годишниот извештај на Европската комисија за Македонија, кој официјално треба да биде претставен утре.
Првпат ЕУ ќе ја пофали и полицијата. Смета дека нејзиното однесување во однос на приведените лица е подобрено, безбедноста е задоволителна, а зголемен е капацитетот на полицијата да патролира и да истражува Македонија постигна голем економски прогрес, иако политичките кавги го забавуваа реформскиот ...
Скопје Власта и опозицијата, наместо да губат време во меѓусебно обвинување, заедно да се фокусираат на имплементирање на клучните реформи за евроинтеграцијата. Ова денеска го укажа евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере во интервју за Радио Слободна Европа, програма на македонски јазик.
Скопје Извештајот на Европската комисија (ЕК) за Македонија што треба да биде објавен утре е објективен и ја отсликува реалната состојба. Ова денеска во Скопје го оценија високи владини претставници, нагласувајќи дека ова е најдобар извештај што Македонија го добила од ЕК, иако не содржи препорака ...