Познатата американска актерка Сара Џесика-Паркер, која ја глумеше новинарката Кери Бредшо во популарната телевизиска серија "Сексот и градот", изјави дека е песимист кога станува збор за филмска адаптација на серијата. "Шансите се мали, многу мали. Деловите од сложувалката не се вклопуваат.
Вечерва од 22 часот, во рамките на февруарската концерт офанзива, во клубот на "Лајф радио" концерт ќе има групата "Мугер фугер". Влезот е слободен. Февруарската концерт офанзива ќе ја затвори групата Грендени, на 25 февруари, кога цената на билетот ќе биде 100 денари.
На 9 мај со една сосема поинаква "Аида" (на Џузепе Верди) ќе биде отворено годинашното 34. издание на "Мајски оперски вечери". Во насловната улога ќе се појави сопранот Весна Гиновска - Илкова, а името на режисерот и авторот на сценографијата не се објавуваат, бидејќи преговорите не се финализирани.
Коалицијата "Третиот пат" очекува да добие еден носител на листата на здружената опозиција за следните парламентарни избори, велат партиски извори за "Вечер". Додека лидерот на коалицијата Никола Груевски размислувал сите носители на листата да бидат од неговата партија, СПМ и ДС се надеваат дека ...
Државата вчера преку јавна берзанска аукција на Македонската берза ги продаде акциите што ги поседува во "Инвест банка", "Тутунска банка" и "Табак осигурување", за кои инкасираше вкупно 21 милион денари, или околу 344 илјади евра.
На националниот избор Автомобил на годината за 2006 година, единаесетата по ред титула имаше чест да ја понесе новата генерација на "Пасат". За ова блескаво признание заслужна беше седумчлената жири-комисија, која во просториите на Музејот на Град Скопје од шесте финалисти меѓу кои и "Тојота Јарис, ...
Американскиот потпретседател Дик Чејни презеде одговорност врз себе за случајното ранување на пријателот за време на заедничкиот лов во саботата, нарекувајќи го инцидентот како "најлош ден во својот живот". "Не можете да обвините никој друг освен себе.
Компании од Македонија и од Израел се заинтересирани за купување на 53,22 проценти на државен капитал во фабриката за наменска индустрија "Оптел" од Пљевља, јавуваат белградските гласила, повикувајќи се на црногорската Агенција за преструктурирање на стопанството и странски вложувања.
Римејкот на еден од најпознатите хорор филмови "Магла", ќе игра од денеска во кино "Милениум". Режијата е на Руперт Веинрајт, познат по "Стигмата", а сценариото е според Џон Карпентеровата прва "Магла". Во овој филм игра и Раде Шербеџија во улогата на свештеникот.
Ако наставник тепа деца во училиште не може да биде избркан од работа и да му се раскине работниот однос. Законска основа за ова не постоела, тврди заменик-министерот за образование и наука, Тале Герамитчиоски, по обелоденувањето во јавноста на случајот со училишно насилство откриено во интернатот ...
Македонската-радио телевизија прави неморален чин со презакажувањето на македонскиот евросонг за 4 март, кој се совпаѓа со денот кога во 2001 година паднаа првите жртви во воениот конфликт, сметаат во ВМРО-Народна. "Згрозени сме од неморалниот чин на Македонската телевизија.
Градската библиотека "Ванчо Прке" од Виница деновиве го збогати книжниот фонд за 1000 нови наслови. Тоа се книги кои се најмногу барани од учениците за лектири во основното и средно образование, а се од познати домашни и светски автори.
Дневниот весник "Вечер" од вчера и официјално има нови сопственици. "Акциите на весникот се продадени во целост. За сумата е се уште рано да зборуваме. Следните 45 дена ќе треба да завршат активностите околу прецизирањето на долговите и побарувањата.
АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ја почнаа процедурата за потпишување на Договорот за изградба на хидроцентралата "Св. Петка" со словенечката компанија "Рико", која беше избрана на тендер како најповолен понудувач. За изградба и финансирање на проектот ХЕЦ "Матка 2" која е со моќност од 40 ...
Социјалдемократскиот сојуз вчера повторно ги повика здруженито "Гласот на светлината" и ВМРО-ДПМНЕ да ги одложат протестите против продажбата на ЕСМ-дистрибуција поради денешната посета на Хосе Мануел Баросо, претседателот на Европската комисија на Република Македонија.
- Откако на небото месечината место зема, никој не пронашол благодет поголем од виното, и се чудам зошто го продавам кога од виното ништо подобро не купуваат, рекол Омер. Аристотел на љубовта ги подарил следниве зборови: Љубовта претставува една душа во две тела.
Русија има околу 700 милијардери, од кои речиси 40 работат како пратеници во Думата, или се членови на Советот на Федерација, двајца се обласни губернатори, а еден претседател на република-членка на Руската федерација. Според годишниот рејтинг на руските милијардери, објавен во списанието "Финанс", ...
Нематеријалното културно наследство во текот на оваа година за првпат и правно ќе биде заштитено. Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Јован Ристов вели дека најпрвин е потребно да се обезбедат компјутери за нормално да почне да се спроведува оваа задача.
Една од нашите најпознати фолк-групи, која е позната по многу хитови и многубројните познати инструментални композиции, група кој апсолутно го негува чистиот македонски мелос, и една од ретките која во својата дискографија има издадено над 10 албуми, годинава полни 25 години од своето постоење.
Неодамна, битолската група "Фонтана" го заврши новиот проект, односно албум со 12 македонски уметнички или ора. Материјалот е снимен во МРТВ и е за потребите на националната Радио и ТВ-куќа. Во него има новокомпонирани и преработки на стари македонски ора.
Странската фирма "GlaxoSmith-Kline PLC” потврди дека се согласила да го купи Истражувачкиот институт на "Плива" за 50 милиони долари, во готово. Според новиот сопственик, Институтот на "Плива" во Загреб е цел на нивниот интерес, бидејќи се стекнал со светско реноме преку истражувањата на ...
Пролетниот дел од евро-куповите ќе стартува со 1/16-финалните средби од Купот на УЕФА. Поголемиот дел од натпреварите, вкупно 13 ќе се одиграат денеска, додека три средби се закажани за утре. На 24 најуспешни учесници од фазата по групи во најмасовното европско клупско натпреварување им се ...
Петмината поранешни работници во ЈП "Македонски железници" - Никола Богоевски, Живко Николовски, Тони Ѓуревски, Драган Арсовски и Марјан Ристевски обвинуваат дека Основниот суд Скопје 1 намерно го одолговлекува нивниот спор против МЖ, со кој сакаат да докажат дека раководството на претпријатието ...
Од вчера, па во следните четири вторници, во КЦ "Точка", ќе бидат прикажувани филмови кои допираат до темата "Алтернативни сексуални идентитети". Станува збор за филмовите "Макс, љубов моја" од Нагиса Ошима, "Зрелоста на Лулу" од Бигас Луна, "Објект на љубовта" од Роберт Париџи и "Се што отсекогаш ...
Десниот бек на Милан и капитен на репрезентацијата на Бразил Кафу може да не игра за "кариоките" на Светското првенство во фудбал летово во Германија. Кафу се повреди минатата недела и го стави во мисла стручниот штаб на Бразилците. Тој до крајот на неделата ќе го оперира коленото во Рио де Жанеиро.
Англискиот таблоид "Сан" ја користи секоја пригода за промоција на своите голи девојки од славната Трета страница, а притоа настојува и да заработи. За Свети Валентин "Сан" на воајерите им подарува градлести дејвојки во топлес, чии фотографии стигнуваат на мобилни за само неколку минути.
Британскиот премиер Тони Блер вети дека ќе побара истрага по објавувањето на видеоснимка, на која се гледа како британски војници тепаат ирачки тинејџери, јавуваат денеска британските медиуми. Британската воена полиција, синоќа уапси еден човек, за кој смета дека е поврзан со видеозаписот, соопшти ...
Претседателот Бранко Црвенковски минатиот викенд приредил ручек во вилата "Билјана" во Охрид за владино-сдсмовскиот врв, кој претходно ги договарал носителите на листите на владината коалиција за претстојните избори. На средбата со шефот на државата, присуствувале партискиот лидер Владо Бучковски, ...
Хрватската радио телевизија ги промени датумите за националниот избор "Дора", за еден ден наназад, така што сега полуфиналните вечери ќе се емитуваат на 2 и 3 март, а финалето ќе се одржи на 4 март. Оваа година, изборот ќе се одржи во Кристалната сала во хотелот "Кварнер" во Опатија.
Во текот на оваа недела скопското јавно претпријатие "Градски паркинг" ќе почне да ја спроведува старо-новата мерка за казнување на непрописно паркираните возила. На тркалата на сите оние возила што ќе бидат оставени на тротоарите, зелените површини или на коловозот, ќе бидат поставени блокатори, ...
Избори се ближат, избори се ближат... И се е можно. Тоа најдобро се гледа од однесувањето на партиите во овој и претерано турбулентен предизборен период во Македонија. Едни комбинираат, други шпекулираат, трети се фрустрирани.
Бронзениот Јосип Броз -Тито со чуениот "чекор кон иднината", едно од трите дела на големиот хрватски вајар Антун Аугустинчич, веќе една година стои на "мртва стража", пред старата механичарска работилница на Златомир Станиќ. Бившиот мајстор сега успешен бизнисмен, споменикот го купил 1994 година ...
Во саботата навечер во Скопје непознат сторител начекал погодна прилика и од автомобил украл 7.000 евра. Парите ги зел од фиоката под шалт таблата. Кражбата, информираат од МВР, се случила меѓу 15 и 15.30 часот на улицата Црноризец Храбар во Лисиче.
Германскиот автомобилски концерн "Фолксваген" планира до крајот на годинава да отвори фабрика за производство на 250.000 возила годишно, соопшти извршниот директор на концернот Бернд Пишетсридер. "Одлуката е донесена, изјавил тој, додавајќи дека во првите пет години фабриката ќе се користи за ...
Околу 600 ученици од основното училиште "Св. Климент Охридски" од селото Драчево, од петокот не одат на настава. Одлуката ја донесе Советот на родители поради проблемите со греењето во училиштето. Двата котли протекле, а радијаторите станувале се постудени во овие зимски денови.
Музичките ѕвезди од М2 Продукцијата, како и повеќе ѕвезди од македонската музичка сцена во Гевгелија одржаа хуманитарен концерт под името "Пријателите за Игор", во организација на здружението на граѓани "Тера" од Гевгелија, поддржан од Фондацијата МобиМак за Македонија.
Контроверзната католичка организација "Опус Деи" одлучи да покрене медиумска кампања за да го поништи негативниот публицитет што ќе и го донесе прикажувањето на филмската екранизација на хит - книгата "Кодот на Да Винчи", на американскиот автор Ден Браун, објави "Њујорк тајмс".
Во саботата, Калиопи Букле со голема возбуда отпатува на петдневен професионален престој во Сплит, заедно со, во случајов, уметничкиот координатор Васил Зафирчев, нејзината асистентка Лорета Андовска, саксофонистот Стојан Димов и Бранко Попчевски, чија улога е сето тоа што ќе се случува да го ...
Десетгодишната Лара Вукелиќ од Пула испрати молба за спасување на својот дом и на домовите на 115 бранители и на нивните семејства од кампот "Валовине", на кои при крајот на февруари им се закануваше иселување. Веќе 13 години бранителите со жените и децата живеат во овој камп во бунгалови од 12 ...
Претседателот на Италија Карло Азељо Чампи ги отвори во петокот, во Торино , 20. Зимски олимписки игри на кои настапуваат околу две и пол илјади спортисти од 80 земји меѓу кои и Македонија со тројца натпреварувачи. Знамето на нашата земја на отворањето го носеше скијачот Ѓорѓи Марковски.