TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-ДПМНЕ со пет кандидати за градоначалник на Скопје

Нова Македонија - 27.12.2008

Пет кандидати се во најтесна трка за градоначалник на Скопје зад кој ќе застане ВМРО - ДПМНЕ, објави премиерот Никола Груевски. Партијата прави дополнителни анализи, по што ќе одлучи кого од петтемина ќе кандидира на локалните избори во март идната година. Груевски одби да ги каже имињата на кандидатите.

Бошкоски кандидат за претседател со или без ВМРО-ДПМНЕ

Нова Македонија - 27.12.2008

Кандидатурата на Љубе Бошкоски за претседател на државата на изборите во март цело време е во неизвесност. Како еден од мотивите, поради кои не сака јавно да каже дали ќе се вклучи во трката за претседател, се посочуваше фактот дека тој е во ВМРО-ДПМНЕ од основањето и затоа сака на изборите да излезе како кандидат на матичната партија.

Сапуницата „Реакција на реакција“ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Нова Македонија - 25.12.2008

Соопштение на соопштение, реакција на соопштение, реакција на реакција, соопштение за реакција, реакција за прес конференција, прес конференција за реакција и сè така до крајот на денот. Ова е главната дневна агенда на двете најголеми политички партии, лутите ривали ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Шеќеринска за градоначалник на Скопје, Глигоров за претседател?

Нова Македонија - 24.12.2008

Радмила Шеќеринска е најсериозен кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, кои треба да се одржат во март идната година, тврдат неофицијално партиски извори. Според изворите, во игра за градоначалник на општината Центар бил и нејзиниот сопруг Божидар Јанковски, познат како Бобо Дајнерс.

СДСМ ќе трча со старите градоначалници

Нова Македонија - 23.12.2008

СДСМ на претстојните локални избори во најголем број општини ќе оди со актуелните градоначалници, соопшти Емилијан Станковиќ, портпарол на партијата, на вчерашната прес-конференција. Партијата на завчерашниот централен одбор ги усвоило кандидатите за градоначалници и за советничките листи. - Во Струмица наш кандидат ќе биде в.д.

СДСМ со притисоци предвреме ја започна кампањата за локалните избори

Вечер Прес - 23.12.2008

СДСМ предвреме ја започна кампањата за претстојните локални и претседателски избори, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. - Нашите информации кои доаѓаат од нашите Општински комитети, но пред се од граѓаните, говорат дека деновиве СДСМ врши жестоки притисоци врз вработените во општинските администрации и јавни претпријатија, локалните медиуми, професорите, ...

СДСМ со старите градоначалници

Вечер Прес - 22.12.2008

СДСМ оди на избори со старите градоначалници. Повторно на листата се најдоа Зоран Заев, градоначалникот на Струмица, Александар Петрески, сегашниот прв човек на Охрид, градоначалниците на Ресен - Димитар Бузлевски, на Делчево - Мирко Иванов, на Крива Паланка - Драги Трајчевски.