Газа Четворица Палестинци загинаа кога израелски тенкови денеска навлегоа длабоко во северниот и јужниот дел на појасот Газа, јавуваат очевидци. Според палестински извори, најмалку двајца Палестинци загинале ноќеска во северниот дел на Газа.
Џенин Израелската војска уби денеска тројца Палестинци во секторот на Џенин, во северниот дел на Западниот брег, соопштија палестински болнички извори. Според истиот извор, убиените биле припадници на организациите исламски џихад и Фатах.
Газа - Шест Палестинци се убиени, а десетмина се ранети при синоќешниот израелски воздушен напад врз Газа, соопштија денеска палестинските власти. Нападнат бил логор со бегалци, а тројца од убиените Палестинци биле припадници на Хамас.
Газа Најмалку седум Палестинци се убиени, а 20 се ранети при денешниот израелски напад на северниот дел на појасот Газа, пренесуваат локалните медиуми. Според очевидци, израелската војска навлегла со 20 тенкови, а целта на нападот, била наоѓање на припадник на народниот одбор на палестинските ...
Газа Најмалку тројца палестински војници и двајца цивили се убиени во израелски воен напад врз Појасот Газа, јавија агенциите повикувајќи се на палестински болнички извори и очевидци Израелската војска го потврди нападот што синоќа бил извршен врз селото Абасан, наведувајќи дека на мета биле луѓе ...