TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски се пишмани за ДДВ за лековите

А1 - 12.11.2006

Груевски се пишмани. Откако во петокот најави дека нема да има намалување на данокот на додадена вредност за лековите, денеска изрази жалење поради недоразбирањето. Мерката што ја вети во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ не била предвидена во сегашниот пакет на реформи, туку за подоцна.

Груевски не знае дека вети поевтини лекови

Вест - 11.11.2006

ВЛАДАТА ГИ ПРЕТСТАВИ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РЕФОРМИ На вчерашната прес-конференција премиерот Никола Груевски изјави дека никогаш не ветил намалување на данокот за додадена вредност за лековите, иако на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ тоа му беше еден од главните а Премиерот Никола Груевски нема намера да ги ...

Груевски го заборавил ветувањето за помало ДДВ за лековите

Утрински - 11.11.2006

Премиерот Никола Груевски, по се' изгледа, заборавил што им вети на македонските пациенти. И покрај тоа што во предизборната програма на неговата партија меѓу реформите за подобар здравствен систем е наведено и воведување повластена стапка на ДДВ за лековите, пациентите, дефинитивно, нема да ...

Граѓаните бараат дежурна аптека

Дневник - 11.11.2006

Граѓаните на Велес долго реагираат поради тоа што останаа без аптека во ноќните часови, откако приватизираните „Градски аптеки“ ги укинаа дежурствата. Тие ја оправдуваат ваквата одлука со фактот што освен нив во градот има десетина други аптеки, меѓу кои има и аптеки што потпишале договор со Фондот ...

Директорот на Бирото остана без лекови

Време - 09.11.2006

ИЛЧО ЗАХАРИЕВ ЗАД ШАЛТЕРОТ НА ГРАДСКИ АПТЕКИ Илчо Захариев, директорот на Бирото за лекови, вчера во градската аптека им издаваше лекови на пациенти, за како што рече, да ги разбере проблемите со кои соочуваат болните при набавката на пропишаната терапија.

Месечната пратка лекови речиси целосно испорачана

Утрински - 09.11.2006

Месечната пратка на лекови на рецепт е пристигната во „Градски аптеки“ во Скопје. Од целиот асортиман на фондовската палета лекови доставувачите испорачале 95 отсто од препаратите, недостасуваат само три-четири медикаменти. Ова го покажа проверката што вчера лично ја направи директорот на Бирото за ...

Захариев бара лек за недостигот во аптеките

Дневник - 09.11.2006

Во скопската аптека „8 Септември“, вчера, два часа лекови издаваше лично директорот на Бирото, Илчо Захариев Како лекот го има за пари, а го нема на рецепт? Мене 40 години ми одбиваа од плата за здравствено осигурување, а сега нема лекови, револтирано изјави Томислав Маниќ, кој вчера успеа да добие ...

За хронично болни- лекарства нема!

Вечер Прес - 09.11.2006

Сите прворангирани лекови до петти во месецов стасале до аптеките. Сепак, многу пациенти се враќаат без добиен лек на рецепт. Во моментот во градските аптеки недостасуваат "еналаприл", "теразозин" или "корнам", "пентосифилин" и "фенобарбитон".

Илчо Захариев во улога на аптекар

А1 - 08.11.2006

Директорот на Бирото за лекови, Захариев, се справуваше со пациентите во една од градските аптеки во Скопје. Добро се снајде два часа во улога на аптекар. „Утре во 9 часот тука ќе ги земете лековите. Дајте ми 270 денари“, рече Илчо Захариев, директор на Биро за лекови.

„Јака 80“ нема лекови на позитивната листа

Време - 08.11.2006

ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ТВРДИ Фондот за здравствено осигурување нема склучено договор со „Јака 80“ за лековите од позитивната листа по последниот и моментално важечки меѓународен тендер. Тоа го оневозможува издавањето на нивните лекови на рецепт како прворангирани или лекови со бандерола, велат од ...

Клинички ќе штеди со употреба на постари лекови, но проверени

Утрински - 08.11.2006

Половина од пациентите од малигни заболувања ќе чекаат одобрување или сами ќе плаќаат за лекови ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Клинички центар ќе штеди на сметка на пациентите од малигни заболувања. Вака коментираат лекарите од Клинички центар по одлуката на клиничкото раководство пациентите да се лекуваат ...

Пропадна обидот на директорот на бирото за лекови во аптеките да манифестира подобра снабденост

Канал5 - 08.11.2006

Хаос во градските аптеки – Директорот на бирото за лекови Илчо Захариев кои денеска влезе зад шалтерот на градската аптека „8-ми Јули“ за самиот да види колку граѓаните се задоволни од снабденоста со лекови, за малку ќе беше истепан.

Губи компанијата, а не државата

Време - 07.11.2006

ОСТРА РЕАКЦИЈА НА „ЈАКА 80“ Случајот во гевгелиската аптека и сторената грешка со издавањето на лековите и фискалната сметка ќе го испитува внатрешна комисија на компанијата затоа што со тоа и е направена штета на компанијата, а не на државата како што пишува во весникот.

„Јака 80“ со фингирани сметки го краде државниот фонд

Време - 06.11.2006

НЕЗАКОНСКИ СЕ ВЛЕЧАТ ПАРИ ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО Емил Зафировски Аптеките на „Јака 80“, сопственост на контроверзниот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини, фалсификуваат фискални сметки и на пациентите со рецепти им продаваат второрангирани лекови на позитивната листа, а во сметките пишуваат имиња на ...