Натпреварувачи од Словенија, Бугарија, Србија и секако од Македонија учествуваа на интернационалниот и традиционален меморијален карате турнир Никола Грдановски - Нике. Во салата Расадник во Скопје вчера беше одржан 26-от турнир во чест на еден од основачите на клубот Металург во 1969 година.
КАРАТЕ На штотуку завршеното Балканско првенство во карате за јуниори и кадети што се одржа во Скопје, во дисциплините кати и борби во поединечна и екипна конкуренција, македонската карате-репрезентација освои 12 медали од кои четири златни, два сребрени и шест бронзени.
Каратистите Томе Тодоровски и Иво Цветковски станаа младински шампиони на Балканијадата што се одржа во Скопје. Македонската репрезентација освои вкупно 4 златни медали, 2 сребрени и шест бронзени или вкупно 12. Злата освоија уште младинката Верица Трајковска и кадетката Зорица Спиркоска, двете во ...
Македонската федерација за традиционално карате експресно реагираше на барањето на Агенцијата за млади и за спорт (АМС) и уште вчера достави список со 17 каратисти што во минатото освојувале медали на светски и на европски првенства.
КАРАТЕ Дејан Недев, физички подготвен како никогаш досега, од утре до недела ќе учествува на 4. Светскиот куп (СК) во традиционално карате, во Полска, и ќе се обиде од таму да се врати со медал. - На овој СК учествуваат осумте најдобри каратисти од целиот свет, и тоа по специјален избор на ...
Дејан Недев Најдобриот македонски натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев, доби големо признание од Меѓународната федерација во традиционално карате (ИТКФ) и ќе учествува на 4. светски карате куп во Варшава, Пoлска, на кој ќе настапат најдобрите осум каратисти од целиот свет.
Македонскиот каратист Дејан Недев по вторпат во кариерата ќе учествува на 4. светски куп на најдобрите осум „традиционалисти“, од 3 до 7 октомври во Варшава (Полска). Изборот кои осуммина ќе учествуваат го прави претседателот на Светската традиционална карате федерација, сенсеи Хидетака Нишијама.