Шест селекции веќе сигурни осминафиналисти на одбојкарскиот мундијал што се одржува во Аргентина, уште на коло пред крајот од осминафиналните групи. Италија, Аргентина, Португалија, Русија, Бразил и Југославија ги очекуваат во свое друштво и последните две репрезентации, по вечерашното завршно коло ...
Тешка победа на актуелниот светски првак Италија, за разлика од олимпискиот и европски првак Југославија. Уште неколку неизвесни дуели во продолжението на одбојкарскиот мундијал во Аргентина. Одбојка светско првенство 1/8 фин.
Два дена одмор, па шеснаесетте селекции кои го минаа првиот филтер во шесте групи, в петок ќе ја продолжат борбата за повисок пласман на 15-тиот одбојкарски мундијал во Аргентина. Формирани се четири нови групи. Во групата "Г" се вброени Бугарија, светскиот првак Италија, Аргентина и Јапонија.
ОДБОЈКА - СП ЗА МАЖИ ВО АРГЕНТИНА САД, пак, го изненадија Бразил, а Португалците останаа без својот најдобар играч, Хуго Гашпар Бранителот на титулата светски првак, италијанската одбојкарска репрезентација, го претрпе првиот пораз, и тоа од селекцијата на Полска, 2-3 по сетови (20-25; 24-26; ...
Последно коло по групи од првата фаза на одбојкарскиот мундијал во Аргентина. Во завршницата на второто коло Полска направо големо изненадување со победата над актуелниот шампион Италија. Вечерашното ќе ги даде новите 11 екипи кои продолжуваат во вториот круг.
Во Мар дел Плата, Аргентина започна 15 СП во одбојка за мажи Во првиот натпревар на 15 СП во одбојка во машка конкуренција што започна викендот во аргентинскиот град Мар дел Плата, репрезентацијата на СР Југославија во рамки на Д групата по исклучително сигурна игра, и покрај малиот пад на ...
Селекцијата на Бугарија го направи најголемото изненадување во првото коло по групи на 15-тото Светско одбојкарско првенство во Аргентина, со убедливиот триумф од 3:0 над Русија, која на мундијалот дојде како победник на Светската лига. Вечер се играат натпреварите од второто коло.