Стопроцентна покриеност со електронска наплата има на линиите „22“, „23“, „63“,„73“ и „12“. Приватните превозници од „Слобода превоз“ се' уште не се подготвени за издавање месечни електронски билети, а главен проблем е недоволната покриеност со електронски апарати во автобусите. Досега се инсталирани 80 валидатори во возилата, а десетина сопственици биле во постапка на инсталирање.
Приватните автобусчии од следната недела воведуваат електронски месечни билети. На електронските картички за наплата, кои приватниците ги воведоа летово, учениците, студентите, пензионерите и вработените ќе имаат попуст, па тие ќе функционираат како месечни слободни карти, додека промотивниот билет од 15 денари во еден правец веќе нема да важи.
Учениците кои живеат на повеќе од два километри од матичните училишта им е обезбеден бесплатен превоз. Четири компании кои Министерството за образование ги избра на тендер го вршат превозот на 14 релации. Родителите се задоволни бидејќи на ваков начин децата се заштитени и безбедно заминуваат и се враќаат од училиште.
Министерството за транспорт и врски почна постапка за утврдување на построги критериуми во однос на старосната структура на возилата со кои се врши групен превоз на деца и на конкретни технички барања што треба да ги исполнуваат возилата наменети за групен превоз на деца, соопштија вчера во министерството. Целта е групниот превоз на деца да биде подобар и побезбеден.
Граѓаните плаќаат висока цена за возење со автобус Елена Мачевска Скопјани реагираат на најавата дека ЈСП „Скопје“ сака да ја зголеми цената на билетите. Тие велат дека нивната цена и така е повисока од билетите на приватните градски превозници и дека секаде во светот приватниот превоз е поскап од државно финансираниот, а кај нас е обратно.
До Нова година ќе бидат опремени две третини од вкупно 95 автобуси. Електронската наплата ќе стане практика и во автобусите на приватното превозничко претпријатие „Мак-експрес“. До Нова година ќе бидат опремени две третини од вкупно 95 автобуси на претпријатието, колку што учествуваат во јавниот градски превоз на патници. Другите, веројатно, ќе се опремуваат во текот на јануари идната година.
Голем број патници што го купиле новиот „интелигентен билет“ за приватните автобуси реагираат дека и покрај тоа мораат да плаќаат во многу возила, затоа што не се опремени со читачи. Од здружението на приватните превозници „Слобода превоз“, пак, појаснуваат дека употребата на електронските чип-картички засега е промотивна, а тие ќе се користат во сите возила од почетокот на идната година.
Групен превоз на деца со понови автобуси. Министерството за транспорт и врски почна постапка за утврдување построги критериуми во однос на старосната структура на возилата со кои се врши групен превоз на деца и конкретни технички барања што треба да ги исполнуваат овие возила.
Построги критериуми во однос на старосната структура на возилата со кои се врши групен превоз на деца Министерството за транспорт и врски со цел организирање подобар и побезбеден групен превоз на деца, отпочна постапка за утврдување на построги критериуми во однос на старосната структура на возилата со кои се врши групен превоз на деца и на конкретни технички барања што треба да ги исполнуваат ...