TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Работнички ја освои десеттата титула во одбојкарскиот шампионат

А1 - 01.05.2004

Работнички Фершпед ја освои десеттата шампионска титула досега во македонскиот одбојкарски шампионат, откако попладнево и третпат едноподруго триумфираа над градскиот ривал Вардар Осигурување во финалната серија од плеј офот.

Десеттата титула му се насмевнува на Работнички

Вест - 01.05.2004

ОДБОЈКА - ПЛЕЈ-ОФ, ФИНАЛЕ ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ - РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД 1:3 (19:25, 19:25, 25:23, 21:25) Скопје. - Сала: "Расадник". - Гледачи: 250. - Судии: Тасев и Мицевски ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ: Сарафски, Костовски, Јаничиќ, М. Стојанов, Ѓорѓевски, Карановиќ, Зл. Димовски, Манасков, Зо.

"Железничарите" на чекор до 10 шампионски трофеј

Утрински - 01.05.2004

Работнички Ф. поведе со 2:0 во финалната плеј-оф серија против Вардар О. Работнички Фершпед е на чекор до освојување на 10 шампионска титула во машкото одбојкарско првенство, откако и во вториот натпревар од финалната плеј-оф серија "подобар од пет" славеше на гости во салата "Расадник" над тимот ...

Работнички Фершпед поведе со 2-0 во победи

Време - 01.05.2004

ОДБОЈКА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈОФ, МАЖИ Бранителот на титулата во машкото одбојкарско првенство на Македонија, Работнички Фершпед, поведе со 2-0 во победи против Вардар Осигурување во серијата „подобар од три“ и е на чекор до новата титула.

Работнички Ф. поведе со 2:0 против Вардар во одбојкарскиот плеј оф

А1 - 29.04.2004

Најтрофејниот македонски одбојкарски тим Работнички Фершпед се најде на чекор до уште една шампионска титула во домашното првенство, откако поведе со 2:0 во победи против градскиот ривал Вардар, во финалната плеј оф серија. Иако формално како гости, Шпедитерите уште еднаш славеа, овој пат со 3:1 во ...

"Шпедитерите" со предност гостуваат во "Расадник"

Вест - 29.04.2004

ОДБОЈКА - ПЛЕЈ - ОФ, ФИНАЛЕ РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД - ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ 3:0 (25:17, 25:14, 26:24) Скопје. - Сала: "Градски Парк". - Гледачи: 300. - Судии: Настов и Амбарков Работнички Фершпед: Пауновски, Милев, Милков, Маџаревиќ, Бајиќ, Деспотовски, Ѓорѓевски, Симовски, Гинов, Ристовски, Јосифов, ...

Шампионот поведе во финалето

Дневник - 29.04.2004

ОДБОЈКА - ПЛЕЈОФ, МАЖИ Актеулниот одбојкарски првак Работнички Фершпед има предност од една победа во финалната серија во плејофот против Вардар Осигурување. Средбата заврши со резултат 3-0 за Работнички Фершпед (25-17, 25-14, 26-24).

Лесен триумф на Работнички

Време - 29.04.2004

ОДБОЈКА - ФИНАЛЕ, МАЖИ Актуелниот шампион Работнички Фершпед го доби првиот финален натпревар во плејоф-финалето од машката одбојкарска лига, откако завчера во салата во Градскиот парк го победи Вардар со убедливи 3-0 (25-17, 25-14, 26-24).

Започна финалната серија од одбојкарскиот плеј оф

А1 - 27.04.2004

Одбојкарите на Работничкли Фершпед и Вардар Осигурување вечерва ја отворија финалната серија од плеј офот до три победи. Првата ја обезбеди актуелниот првак Фершпед Работнички со максимални 3:0 по сетови. 17,14 односно 24 поени успеа да освои градскиот ривал од Расадник каде што се играат следните ...

Петти трофеј во Купот за Ф. Работнички

Дневник - 27.04.2004

КОШАРКА Петта куп-титула за Фершпед Работнички, прва за неговиот тренер Стерија Андоновски, по победата од 87-73 против Неметали Огражден во финалето на 12. куп на Македонија за мажи во кошарка. Уште во првата четвртина "шпедитерите" создадоа двоцифрена предност и тоа водство не дозволија да биде ...

Работнички Ф. се бори за 10. титула

Дневник - 27.04.2004

ОДБОЈКА - ПЛЕЈОФ, ФИНАЛЕ Актуелниот шампион во одбојка мажи, Работнички Фершпед, вечерва ќе стартува во финалната серија за одбрана на титулата, против Вардар Осигурување, и ако му успее да победи, тоа ќе му биде 10. ваков трофеј. Првиот меч се игра во "Градски парк" (20 ч).

Работнички Ф. по 10. титула, Вардар О. по втората

Утрински - 27.04.2004

Вечерва старт на финалето во машкото првенство Работнички Фершпед и Вардар Осигурување вечерва во 20 часот во салата во Градски парк ќе го одиграат првиот натпревар од финалната плеј-оф серија подобар од пет во походот кон шампионската титула во машкото одбојкарско првенство на Македонија.

Работнички по десеттата, Вардар по втората титула

Вест - 27.04.2004

ОДБОЈКА - ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ФИНАЛНАТА СЕРИЈА ВО ПЛЕЈ-ОФОТ Екипите на Работнички Фершпед и Вардар осигурување денеска (20 часот, "Градски Парк") ќе ја започнат финалната серија од плеј-офот, која ќе го даде шампионот во 12-тото одбојкарско првенство на Македонија.

Фершпед Работнички никогаш полесно до својата петта куп-титула

Утрински - 27.04.2004

Со убедливата победа во финалето над Неметали Огражден од 87:73 Фершпед Работнички крајно лефтерно, со насмевка од едниот до другиот крај на образите, ги демантираше со петта Куп титула оние кои во текот на сезоната се посомневаа дека "шпедитерите" се кадарни и сезонава да го продолжат курсот на ...

Рекордна петта титула за Фершпед Работнички

Вест - 27.04.2004

КОШАРКА - КУП НА МАКЕДОНИЈА Фершпед Работнички, освен рекордер по бројот на шампионските титули, стана и рекордер по бројот на освоените Куп титули, откако во финалето на 12. издание на "најмасовното" баскет натпреварување го совлада Н Фершпед Работнички, освен рекордер по бројот на шампионските ...

Синоќа Работнички и Неметали играа за 12. трофеј

Време - 26.04.2004

КОШАРКА - КУП НА МАКЕДОНИЈА Неметали Огражден одлично ги искористи повредите на клучните играчи на МЗТ Скопје и во слаб натпревар победи со 70-65 за пласман во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија. Во дуелот за титулата синоќа се сретнаа со Фершпед Работнички, кој полесно од очекуваното го ...

Фершпед Работнички го бараше петтиот, а Неметали Огражден првиот трофеј

Вест - 26.04.2004

КОШАРКА - КУП НА МАКЕДОНИЈА НЕМЕТАЛИ ОГРАЖДЕН - МЗТ СКОПЈЕ 70:65 (25:15, 13:27, 15:12, 17:11) Скопје. - Сала во Градски парк. Гледачи: 500. Судии: Златевски и Ивановски. Неметали Огражден: Христоманов, Дуганов 12, Делев, Николов 2, Грнчаров 9, гаштарски 2, Маџунков 7, Цениќ 12, Кмезиќ 20, ...

МЗТ го испушти планираното финале

Дневник - 26.04.2004

КОШАРКА - КУП НА МАКЕДОНИЈА, МАЖИ Синоќа се играше финалето меѓу Фершпед Работнички и Неметали Огражден Фершпед Работнички и Неметали Огражден играа во синоќешното финале од Купот на Македонија за мажи. Интересно е што финалистите загубија по трипати во првенството од противниците што ги имаа во ...