Испитувања на јавното мислење за рејтингот на партиите и за парламентарните избори Кога изборите би се одржале утре, Социјалдемократскиот сојуз би ја освоил довербата на 17,6 отсто од определените и два отсто на гласовите на неопределените граѓани.
Досегашните избори во Македонија не беа фер и слободни мислат 68,5 отсто од испитаниците во најновата, ноемвриска, анкета на Брима Галуп. И повторно сега високи 42 отсто, сметаат дека и следните избори ќе бидат нерегуларни. Исто толкав е процентот и на оние кои се неопределени или не дале одговор ...
Македонските граѓани речиси едногласно посакуваат државата да стане дел од Европската унија и нато, но независно од приемот за нив се поважни реформите. За стабилноста во државата според нив најмногу ќе придонесе економскиот развој.
ИНСТИТУТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА Повеќе од 33 отсто да граѓаните во моментов не би гласале за ниту една партија, покажало последното истражување на Институтот за демократија. Истражувањето било направено преку телефонска анкета. Биле испитувани граѓани од различна старост, пол, образование, професија и ...
Над 50% од граѓаните нема да гласат, или не знаат за кого би гласале, ако идната недела во Македонија би се одржале избори. Вака велат резултатите од последната анкетата, спроведена од Центарот за истражување на институтот за демократија.
На дваесеттина дена пред промоцијата на партијата на Тито Петковски, за неа би гласале 1,6 проценти од граѓаните-повеќе отколку за ПДП, ВМРО Народна и ЛДП, покажа телефонската анкета спроведена минатиот викенд, од Институтот за демократија.