Комитетот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа во Стразбур одлучи да ја зајакне соработката во борбата против тероризмот со цел „пред лицето на правдата да бидат изведени оние кои се осомничени за терористички напади“.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИЗНЕНАДЕН ОД НАЈАВАТА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Според кабинетот на претседателот, тоа што Димитров и неговиот син Никола се амбасадори во исто време, не е против ниту еден закон во светот, затоа што во дипломатијата нема забрана татко и син да вршат таква ...
Шефот на дипломатијата Илинка Митрева отпатува во Стразбур каде што ќе учествува во работата на сесијата на комитетот на министри на Советот на Европа на која ќе се расправа за борбата против тероризмот и ќе биде усвоено заедничко соопштение за глобална борба против тероризмот.
МИНИСТЕРКАТА ИЛИНКА МИТРЕВА ПРОТИВ СЕМЕЈНА ДИПЛОМАТИЈА Министерката за надворешни работи ќе побара повлекување на амбасадорот Димитар Димитров од Москва До крајот на месецот, советникот за национална безбедност на претседателот на државата, Никола Димитров, ќе замине за амбасадор во Вашингтон.
БРИФИНГ ВО МНР Шефицата на македонската дипломатија, Илинка Митрева, наскоро ќе побара амбасадорот Димитар Димитров да биде повлечен од функцијата во Москва. Тоа барање е мотивирано од причина што наскоро се очекува неговиот син Никола Димитров да замине на амбасадорската функција во Вашингтон, САД.
Шефот на македонската дипломатија потврди дека овој месец ќе биде пополнето амбасадорското место во Вашингтон, но заминувањето на Никола Димитров на ова место за Митрева ќе значи враќање на неговиот татко Димитар Димитров од амбасадорската функција која ја извршувал во Москва.