TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Почина претседателот на ...

Вест - 02.10.2007

Бања Лука, 2 октомври - Претседателот на Република Српска Милан Јелиќ почина завчера од срцев удар. Владата вчера го предложи претседателот на собранието на РС Игор Радојчиќ како привремен претседател до следните избори. Милан Јелиќ (51) почина завчера гледајќи фудбалски натпревар во својот роден ...

Почина претседателот на Република Српска Милан Јелиќ

Време - 02.10.2007

ВЕСТИ ОД БОСНА Претседателот на босанската Република Српска Милан Јелиќ (51) завчера неочекувано починал од инфаркт, јави босанскиот весник „Независне новине“. На Јелиќ му се слошило во градот Модрич, при што веднаш бил однесен во болница, но лекарите не успеале да го реанимираат.

Од срцев удар очина претседателот Јелиќ

Утрински - 02.10.2007

Претседателот на Република Српска, Милан Јелиќ, почина од срцев удар. „Ова е тажен ден за Република Српска“, изјави премиерот на ентитетот, Милорад Додик, за локалната телевизија. Јелиќ (51) почина по приемот во болница во Добој во неделата навечер.

Почина претседателот на Република Српска

Дневник - 02.10.2007

Јелиќ починал од инфаркт, четири години откако го оперирал срцето Во Република Српска е објавена тридневна жалост по повод ненадејната смрт на претседателот Милан Јелиќ (51), кој завчеравечер почина од инфаркт, јави МИА. На 1, 2 и 3 октомври знамињата на сите згради на републичките и локалните ...

Почина претседателот Милан Јелиќ

Вечер Прес - 02.10.2007

Завчеравчер, околу 18 часот, ненадејно почина претседателот на Република Српска, Милан Јелиќ во 51-вата година од животот. Јелиќ во попладневните часови доживеал срцев напад на фудбалски натпревар во Модрича каде што живее, по што починал на патот кон болница во Добој.

Почина претседателот на Република Српска

А1 - 01.10.2007

Во Република Српска е објавена тридневна жалост по повод ненадејната смрт на претседателот Милан Јелиќ (51). На 1, 2 и 3 октомври знамињата на сите згради на републичките и локалните институции, државните претпријатија и други објекти во Република Српска ќе бидат ставени на половина копје, а сите ...

Погребот на претседателот на Република Српска ќе се одржи во среда во Модрич

Канал5 - 01.10.2007

Погребот на синоќа починатиот претседател на Република Српска Милан Јелиќ ќе се одржи во среда во Модрич, соопшти денеска премиерот на РС Милорад Додик по вонредната седница на Владата во Бања Лука. Бања Лука, 1 октомври (МИА) - Погребот на синоќа починатиот претседател на Република Српска Милан ...

Почина претседателот на Република Српска

Макфакс - 01.10.2007

Бањалука Претседателот на Република Српска(РС) Милан Јелиќ почина синоќа од срцев удар, јавија денеска босанските медиуми. По тој повод, денеска во РС е прогласена тридневна жалост, а знамињата во ентитетот се спуштени на половина копје. Претседателот Милан Јелиќ е роден на 26 март 1956.