Тројцата истражни судии кои раководат со истрагата што се води по падот на армискиот хеликоптер, во кој загинаа единаесетмина припадници на Армијата на Македонија, ниту вчера не донесоа одлука дали и кога ќе бидат преслушани црните кутии кои се' уште се чуваат во судот.
Воздухопловни експерти денеска ја преслушуваа снимената комуникација меѓу пилотот и контролата на летање и податоците од радарот на скопскиот аеродром за летот на армискиот хеликоптер. Истражната комисија бара нивно мислење за можните причини за хеликоптерската несреќа.
КОМИСИЈАТА ЗА ПАДНАТИОТ ХЕЛИКОПТЕР ДОБИ ПРЕТСЕДАТЕЛ Претседател на специјалната Комисија за испитување на хеликоптерската несреќа кај Катланово е Методија Костурски. Тој беше потпишан на соопштението од првиот работен состанок на Комисијата од средата.
КОНКУРЕНТСКА ПРЕСМЕТКА ИЛИ СОМНИТЕЛНА ЗДЕЛКА? Алекандар Божиновски Со 22-те милиони евра што државата ги платила за електронска надградба на шест хеликоптери, можеле да се купат три нови, произлегува од сегашниот ценовник на руската фабрика „Мил“.
БИВШИТЕ МИНИСТРИ ЗА ОДБРАНА ЗА ПАЃАЊЕТО НА ХЕЛИКОПТЕРОТ „МИ-17“ Елизабета С. Илиевска Паѓањето на воениот хеликоптер „МИ-17“, при што загинаа 11 припадници на македонскиот контингент кој учествува во мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина, го отвори прашањето за тоа колку Македонија е ...
Министерството за одбрана се сретна со семејствата на загинатите мировници, при што им понуди вработување и станови Од двете пронајдени црни кутии на армискиот хеликоптер што се урна кај Блаце, како резултат на експлозијата, најверојатно, е оштетена кутијата со техничките карактеристики на ...
Истражните органи ќе разговараат и со рускиот производител на хеликоптерот и со израелската компанија што ја вгради електронската опрема Записот на црните кутии на урнатиот хеликоптер „Ми-17“ на АРМ не е уништен и најверојатно ќе се чита во странство, а во истрагата ќе се разговара и со ...
Армискиот хеликоптер летал со неисправни инструменти за одредување на висина. Затоа дежурниот контролор, неколку пати проверувал на која висина е леталото и му давал координати. Армискиот хеликоптер летал со неисправни инструменти за одредување на висина.
Хеликоптерот леташе стотина часа годишно. Од последниот ремонт немаше искористено ниту третина од ресурсите, велат во Армијата Паднатиот хеликоптер МИ-17 бил во одлична техничка состојба, со само третина искористени ресурси, дознава ВЕЧЕР.
Зошто контролата на летање наложила армискиот хеликоптер да сврти уште еден круг над катлановско Блаце и да се спушти на 600 метри, кога пилотот пријавил дека не е сигурен во исправноста на инструментите? Зошто пилотот не бил поексплицитен? Дали била направена грешка и од контролата на летање? Ова ...
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА МИ -17 НАВРЕМЕ ПРЕДУПРЕДИЛ Александар Божиновски Транспортниот хеликоптер Ми-17, кој се урна во саботата, бил надграден со електронска опрема од израелската компанија „Елбит“, која е опасна за нормалното функционирање на леталото, предупредиле од руската фабрика „Мил“, ...
ВО КОНТРОЛНАТА КУЛА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Тројцата истражни судии од Основниот суд 1 во Скопје вчера прв пат ги слушнаа лентите на кои е снимена последната комуникација на пилотот на хеликоптерот "Ми -17" со контролорот на летање на Скопскиот аеродром пр Тројцата истражни судии од Основниот суд 1 ...
НЕОФИЦИЈАЛНИ СОЗНАНИЈА ЗА ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА Мери Јордановска Стојанка Митреска Инструментот што го мери притисокот не бил наместен на апсолутната висина (односно на притисокот на скопскиот аеродром) и од тие причини хеликоптерот летал 280 метри пониско од она што го покажувал висиномерот, ...
НЕБОЈША АНТИЌ ПЕНЗИОНИРАН ПИЛОТ НА ХЕЛИКОПТЕР УКАЖУВА НА ПРОПУСТИТЕ ВО ВОЕНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО Во овој момент имаме многу млади и неискусни пилоти а искусните не се доволно созреани. Обуката на пилотите на хеликоптер не обезбедува таков квалитет во сложени метео услови да ги извршуваат сите задачи.
Лани во Министерството за одбрана останале непотрошени десет млн. евра наменети за набавки во Армијата СВЕТЛАНА УНКОВСКА Истрагата што треба да се прошири околу набавките и за тоа дали навремено биле вршени сервисирање и ремонт на хеликоптерите на АРМ треба да покаже во каква состојба било леталото ...
Истражните судии останаа затечени откако медиумите почнаа да објавуваат транскрипти кои уште не се преслушани Надлежните институции го бараат кртот кој издава податоци од истрагата. Истражните судии и Комисијата која работи на расветлување на трагичната несреќа, одлучија да работат зад затворени ...
Направени се сериозни грешки во наведувањето на хеликоптерот „Ми-17“ на АРМ, кој се урна во саботата, ако е автентичен објавениот транскрипт од разговорот помеѓу пилотот и контролата на летање, тврдат воздухопловни експерти. Истражниот тим ја оспорува веродостојноста на извадокот од разговорот, ...
Експертската комисија од областа на воздухопловството која ја испитува несреќата на армискиот хеликоптер ми -17, денеска беше на местото на несреќата. Во селото “Блаце“, во близина на Катланово, членовите на комисијата правеле скица за правецот од каде што дошло леталото, одредувале на која висина ...
Пилотите од воздухопловниот ВИНГ на АРМ повеќепати алармирале за неисправност и за несоодветно одржување на хеликоптерите. Според информации на Канал 5, последните неколку години пилотите на АРМ реагирале до командата на воздухопловството и до Генералштабот дека се неопходни сеопфатни технички ...
Се уште не се знае што се случувало во хеликоптерот од последната комуникација меѓу пилотот и контролата за летање во Скопје во 12 часот 12 минути до моментот на падот на хеликоптер МИ- 17. Како што веќе објави ВЕЧЕР две ленти кои ја снимиле работата на инструментите и разговорот во хеликоптерот се ...
Со почесен плотун, звуците на македонската химна и почесен прелет на хеликоптерите на ЕУФОР над Сараево, во базата Бутмир војниците на мировните меѓународни сили се збогуваа со своите трагично загинати македонски колеги. Проштален говор одржа командантот за македонскиот хеликоптерски детачмент, ...
Останува тајна што се случувало пред хеликоптерската несреќа. Од снимената комуникација меѓу пилотот и контролата за летање во Скопје не може да се заклучи што се случувало од 12 часот 12 минути и 16 секунди до моментот на падот на армискиот хеликоптер.
ОСТАТОЦИТЕ ОД ХЕЛИКОПТЕРОТ ЌЕ СЕ ИСПРАТАТ НА БАЛИСТИЧКА АНАЛИЗА Остатоците од хеликоптерот "ми-17" ќе бидат пратени на вештачење во странство за да се отстранат шпекулациите кои се појавија во некои странски медиуми дека бил намерно урнат во терористички напад, дознаваме од армиски извори.
ШТО СОДРЖИ СНИМКАТА НА РАЗГОВОРОТ МЕЃУ ПИЛОТОТ И КОНТРОЛОРОТ? Мери Јордановска „Барање за враќање“... „Барање за враќање“... „Барање за враќање“... Точно 11 пати (по 12 часот и 13 минути) контролорот на летање му се обраќал на пилотот на хеликоптерот што во неделата се урна во катлановско Блаце и ...
СПРОТИВНО НА ВОЗДУХОПЛОВНИТЕ ПРАВИЛА Во комуникацијата во воздухопловството висината се искажува во фити, но пилотот на хеликоптерот и контролорот на летање ја искажувале во метри Според неофицијални информации од Контролата на летање на Скопскиот аеродром, хеликоптерот на АРМ, непосредно пред ...
КОЛКУ СЕ БЕЗБЕДНИ ЛЕТАЛАТА ОД СОВЕТСКИОТ БЛОК Леталата од поранешниот Советски Сојуз, без оглед дали се работи за воени или за патнички, имаат неславен прекар на „летачки ковчези“, поради честите несреќи кои им се случуваат. На несреќата на македонскиот хеликоптер „МИ-17“, во која загинаа 11 ...
Хеликоптерската несреќа кај хатлановско Блаце, во која загинаа 11 војници, ја истражува посебна владина Комисија за испитување на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството. Комисијата почнала да работи веднаш по несреќата, а имињата на нејзините експерти се чуваат во строга тајност.
ЕДИТОРИЈАЛ ГОРДАНА ДУВЊАК Македонија вчера достоинствено се прости со единаесетте трагично загинати војници во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце. На своето последно патување во вечноста, македонските херои на мирот беа испратени со највисоки државни и воени почести, токму онака како што ...
Крунските докази кои треба да ја разјаснат трагедијата завчера беа разгледувани шест часа од истражните органи „Имаме проблеми со висината и со притисокот!“ Ова е последната реченица која пилотот на воениот хеликоптер „МИ-17“ ја упатил до Контролата на летање, пред да се урне во селото Блаце, при ...
Се' уште не е одлучено каде ќе се читаат податоците од трите црни кутии, од кои две се сериозно оштетени Пилотот на армискиот хеликоптер „Ми-17“ во финалната фаза од слетувањето на контролорот на летот му пријавил дека не е 100 отсто сигурен во информациите што ги добива од инструментите во ...
Дали системите вградени во хеликоптерот „Ми-17“ биле одобрени од производителот на леталото, како што налагаат меѓународните правила? На ова прашање „Дневник“ се' уште чека одговор од израелската компанија „Елбит“ и од Министерството за одбрана.
Tимот судски истражители денеска ги распрашувал осумте припадници на воздухопловниот тим на АРМ што беа дел од мисијата Алтеа, а кои во понеделникот се вратија од Босна и Херцеговина. Од нив барале одговори за тоа каде и кога летал хеликоптерот, чии војници пренесувал и кој го одржувал леталото.
Како и какви делови се набавувани за хеликоптерот ми-17 кој се урна кај катлановско Блаце, се водело ли сметка за сите прописи – целокупната документација од министерството за одбрана и генералштабот ќе ја проверува тимот истражни судии кој работи на утврдување на причините за несреќата.
Со знамиња на пола копје и достоинствена церемонија во базата Бутмир војниците од сите контингенти на ЕУФОР во мисијата Алтеа им оддадоа почит на 11-темина трагично загинати војници во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце.
Хеликоптерот имал 6 различни инструменти за мерење висина и сите тие работеле на различен принцип. Затоа откажување на некој од нив не може да биде причина за несреќата, тврдат пилоти Хеликоптерот "Ми-17" кој во саботата се урна кај катлановското село Блаце бил под редовен технички надзор на ...
Во 12 часот 12 минути и 15 секунди прашање од контролата на летање: „Која висина имате“? Една секунда подоцна следи одговор од пилотот на хеликоптерот: „800 метри“. Во 12 часот 12 минути и 22 секунди, последна инструкција од контролата на летање: „Слободно снижувајте на 600 метри“.
ПО УРИВАЊЕТО НА АРМИСКИОТ „МИ-17“ Српскиот весник „Политика“ и во новиот број продолжува со изнесување теории на заговор околу уривањето на армискиот хеликоптер „МИ-17“. Прв се јави српскиот воен аналитичар Мирослав Лазански, кој во интернет-изданието на „Политика“ пишува под наслов „Дали ...
ИСТРАГА ЗА НЕСРЕЌАТА НА АРМИСКИОТ ХЕЛИКОПТЕР Мери Јордановска Институтот за судска медицина ја завршил идентификацијата на телата на 11-те загинати припадници на АРМ. Смртта на војниците настапила како последица на механичките повреди при падот на хеликоптерот „Ми-17“.
Сараево Електронските медиуми во неделата навечер опширно известуваа од местото на трагичниот настан кај Скопје Од нашиот известувач БУДО ВУКОБРАТ САРАЕВО - Цела Босна и Херцеговина, и трет ден по трагедијата што се случи со македонскиот хеликоптер и ужасната смрт на 11-темина пријатели кои беа во ...
Истрагата се пресели на скопскиот аеродром, каде што ќе се преслушуваат црните кутии ЉУБИША СТАНКОВИЌ ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Во воениот дел на аеродромот „Александар Велики“ вчера попладне започна отворањето на црните кутии и разгледувањето на податоците што ги содржат.
ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Вообичаено е секогаш кога ќе се случи несреќа со летало да се отворат прашања за неговата исправност, старост и редовното сервисирање, иако, во светската воздухопловна историја се случувало да паднат и најсофистицирани летала.
Деловите од распарчениот хеликоптер се носат во воен хангар во близина на Скопје ГОРАН АДАМОВСКИ БЛАЦЕ - Скопското село Блаце е под големиот печат на огромната трагедија на македонските војници. Воздухот е тежок, патот е каллив, а ситните капки дожд како да паѓаат точно во душите на тие што ...
Сите војници загинале мошне брзо, од механички повреди, пламенот не бил причина за смртта, изјави директорот на Институтот за судска медицина Единаесеттемина војници загинале од тешките повреди при падот на хеликоптерот, а не од изгореници, утврдиле вештаците од Институтот за судска медицина и ...
Падот на армискиот хеликоптер ќе го испитува Комисија составена од претставници на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Министерството за одбрана и Министерството за транспорт и врски. Методија Костурски е претседател на Комисијата за испитување несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството, ...
Хеликоптерот бил подготвен за слетување, но добил наредба да почека, бидејќи во исто време на аеродромот „Александар Велики“ требало да слета и авион наМАТ,кој доаѓал од Цирих Хеликоптерот на АРМ непосредно пред слетувањето добил наредба да почека и да му даде предност на патничкиот авион кој ...
Пилотот на армискиот хеликоптер неколку минути пред да се урне ја известил контролата на летање дека има проблеми со притисокот и висината и дека не работи системот за слетување по инструменти. Ова го покажува комуникацијата помеѓу пилотот и контролорот снимена на ленти во Контролата на летање.
"Обдукцијата на сите единаесетмина заврши понеделникот вечерта околу 20 часот, утврдивме дека смртта кај припадниците на АРМ настанала поради трауматичен шок, што поточно значи дека по добиените механички повреди врз нивните тела војниците многу брзо починале", изјави за ВЕЧЕР Алексеј Дума, ...
Денеска повторно е преслушувана снимената комуникација меѓу пилотот на армискиот хеликоптер со контролата на летање во Скопје и разговорот со дежурниот синоптичар пред летот. Останува нешто нејасно со висината на хеликоптерот.
Хеликоптерот полетал завчераутро околу 9 часот и 30 минути со дел од членовите на македонскиот хеликоптерски тим од аеродромот Бутмир кај Сараево. Требало да слета на воениот дел на Скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта, во 12,24 ...
ЗАГИНАА ЕДИНАЕСЕТ МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ КАЈ КАТЛАНОВО Мери Јордановска Емил Зафировски Тони Спасовски (потполковник), Горан Ристовски (мајор), Бране Спасовски (капетан), Игор Ѓорески (капетан), Славчо Василев (заставник), Тони Давитковски (заставник), Јанко Шириќ (постар водник), Мики Ивановски ...
11 МИРОВНИЦИ НА АРМ ЗАВЧЕРА ЗАГИНАА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА КАЈ КАТЛАНОВСКО БЛАЦЕ Единаесет војници и офицери на АРМ загинаа завчера напладне кога кај катлановско Блаце се урна воениот хеликоптер "Ми- 17" со кој се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Хеликоптерот Ми-17 во кој загинаа македонските мировници е од руско производство, набавен од Украина и бил ремонтиран пред извесно време, пред да биде упатен во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Извори од АРМ велат дека хеликоптерот бил во исправна состојба и бил редовно контролиран на секои ...
Шок и тага по стравотната несреќа во која загинаа 11 војници кои се враќаа од мисијата во Босна Претседателот и врховен командант на армијата, Бранко Црвенковски, пристигнува на местото на несреќата: Премиерот Никола Груевски заедно со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска ДАНИЕЛА ...
До крајот на вчерашниот ден се' уште не беа познати причините за трагичната несреќа До крајот на вчерашниот ден се' уште не беа познати причините за трагичната несреќа во која при паѓање на хеликоптер „МИ-17“ на АРМ кај селото катлановско Блаце загинаа 11 мировници од мисијата АЛТЕА во Босна и ...
Портпаролот на ЕУФОР, ни изјави дека „при прегледот на леталото не биле забележани никакви промени“ Кампот на силите ЕУФОР, Бутмир, од каде што во саботата изутрина полета авионот со македонските мировници Билјана Јовановска Хеликоптерот со кој војниците на АРМ се враќале од мисијата на ЕУ во Босна ...
Меѓународните мисии го трасираат зацртаниот пат на државава за членство во НАТО Македонија прв пат испрати свои војници во мисијата на Европската унија АЛТЕА во БиХ во јули 2006 година. Собранието на 3 јануари одлучи бројот на мировниците во Босна да се намали на половина: претходниот контингент ...
Она што го прави посебен овој хеликоптер е тоа што е способен да лета само со еден мотор во случај да откаже еден Хеликоптерот „МИ-17“, кој е од руско производство и е едно од најпопуларните летала од овој тип, се користи во повеќе од 50 земји во светот за транспорт на луѓе и товар, за воздушни ...
Поради задоцнет тендер, лани сите летала останаабез масло и беа приземјени Воените пилоти со години се жалат на бавните процедури за набавки на делови и за сервисирање на воздухопловите, а Министерството за одбрана најмалку две години најавува долгорочен договор со ремонтен центар.
Содржината на црните кутии од „Ми-17“ ќе се развива во воздухопловниот ВИНГ на АРМ, кој има лабораторија со потребната техника и стручен персонал за таа задача Три црни кутии од армискиот хеликоптер „Ми-17“, кој, од засега непознати причини, се урна завчера кај скопското село Блаце, беа пронајдени ...
Електронските уреди најдени на ридот над катлановско Блаце, црните кутии на армискиот „Ми-17“, треба да помогнат во разјаснување на причините за смртта на единаесет македонски мировници што последните шест месеци од своите животи ги минаа во мисија во Босна и Херцеговина.
Загинатите војници беа дел од хеликоптерски тим на АРМ што учествуваше во европската мировна мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. Мировниците за БиХ заминаа на 14 јули лани. Тимот го сочинуваа 17 офицери и подофицери, кои беа дел од белгискиот контингент во Мостар.
Единаесетте војници загинале од повредите што ги добиле при паѓање на хеликоптерот. Умреле во миговите на паѓањето на леталото пред истото да се запали констатирал Институтот за судска медицина. Единаесетте војници загинале од повредите што ги добиле при паѓање на хеликоптерот.
Првичниот увид од местото на несреќата покажал дека леталото скршнало 4 наутички милји, или 8 земјени километри од предвидениот правец на движење Македонија е завиена во црнина, по смрта на сите 11 припадници на армијата кои во саботата загинаа во трагична несреќа на хеликоптер.