TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Албанската полиција издаде налог за апсење на Идаjет Беќири

А1 - 08.10.2003

Албанската полиција издаде налог за апсење на лидерот на албанската Партија на национално обединување, Идаjет Беќири, поради поврзаност со т.н АНА. „Во случај Беќири да биде уапсен во некоја друга земја ние ќе бараме негова екстрадиција“, изјави портпарлот на албанското обвинителство Ева Лондо.

Интерпол издаде потерница по Идает Беќири во 184 држави

Утрински - 08.10.2003

Според албанскиот печат Тирана - Албанскиот Интерпол издал потерница во 184 држави против лидерот на Партијата за албанско национално единство, Идает Беќири, поради "соработка во поттикнување национална омраза" со веќе уапсените двајца македонски државјани, членови на таканаречената АНА.

Албанија суди водач на АНА

Дневник - 08.10.2003

ТИРАНА Во Тирана почна судењето на Идает Беќири, еден од водачите на Албанската национална армија, кој заедно со политичкиот водач на групата, Гафур Адили, е обвинет за предизвикување етничка омраза меѓу Македонците и Албанците.

Интерпол потерница во 184 држави против Идајет Беќири

А1 - 07.10.2003

Албанскиот Интерпол издал потерница во 184 држави против лидерот на Партијата за албанско национално единство Идајет Беќири, поради „соработка во поттикнување на национална омраза“ со веќе уапсените двајца македонски државјани, членови на т.н. АНА.

Судски процес против политички претставник на АНА

А1 - 06.10.2003

Во Тирана денеска почна судски процес против лидерот на националистичката Партија за национално единство, Идајет Беќири, попознат како Албан Вјоса, политички претставник на т.н. АНА и секретар на Фронотот за национално ослободување на Албанците.