TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

TIME.mk статистики (5.5.10-4.6.10)
Во пресрет на одбележувањето на двегодишното постоење на TIME.mk (1 Јули 2010) јавно ги објавуваме некои од поинтересните Google Analytics статистики за неговата посетеност.

Ова се статистики само од www.time.mk. Другите изданија на TIME.mk (times.si, cro,srb,shqip,bg.time.mk) не се вклучени во овие статистики.

1. Месечна посетеност од 1 Јануари 2009 - 4 Јуни 2010

Забелешка: Во Февруари 2009, после осум месеци од неговото постоење, TIME.mk имал околу 57,000 посети месечно. Во Мај 2010 имал околу 826,000 посети, што е зголемување за околу 1500%, или 15 пати, или континуиран раст од околу 20% месечно.

2. Генерален извештај за посетеноста

Забелешка: Просечниот број на вести што ги отвара корисникот е 4.5 (тоа не може да се види со GA на TIME.mk затоа што во Мај'10 корисниците ги препраќавме на оргиналните сајтови без рамка).

3. Дневен број на посети



4. Број на отворени страници по категории

Забелешка: Од овие статистики не може дефинитивно да се заклучи која категорија е најчитана, туку одприлика да се добие осет за која категорија корисниците сакаат подетални информации, па кликнуваат на соодветната категорија за повеќе вести. CategoryNameX означува X-та страна на категоријата CategoryName

5. Лојалност на корисниците

Забелешка: Во околу 56% од посетите, корисникот доаѓа на TIME.mk по повеќе од 50-ти пат.

6. Честота на посетување

Забелешка: Во околу 86% од посетите, корисникот го посетил TIME.mk пред помалку од 24 часа.

7. Број на посети од Google

Забелешка: Има многу мрзливи луѓе кои не го откриле концептот Bookmark.

8. Број на посети од референци



9. Најмногу пребарувани термини низ вестите



10. Најмногу пребарувани термини во речникот



11. Број на посети по прелистувачи

Забелешка: Firefox 50.30%, Internet Explorer 23.11%, Chrome 20.71%, etc.

12. Број на посети по резолуција на екранот

Забелешка: Феноменални 625 screen resolutions !!!

13. Број на посети по држави

Забелешка: 87% од посетите се од Македонија. Посети од 111 држави.



- STAY HUNGRY STAY FOOLISH - S.J.

Игор Трајковски
5 Јуни 2010


Останати текстови: