TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

А1 On

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

А1 On - пред: 17 часа

Белоруските специјални служби спречија напади со беспилотни летала од територијата на Литванија врз цели во Минск, објави шефот на КГБ, Иван Тертел. „Комитетот за државна безбедност, во соработка со колегите од другите агенции, неодамна спроведе ...

41 поврзани вести »

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

А1 On - пред: 18 часа

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш изјави во интервју за Полсат њуз дека Полска е подготвена да и помогне на Украина да ги врати воено способните мажи за да ја „исполнат својата граѓанска обврска“.

7 поврзани вести »

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

А1 On - пред: 18 часа

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на протестот кој ќе започне во ...

20 поврзани вести »

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето

А1 On - пред: 18 часа

Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен локален дожд, а во сабота попладне ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи потоа следува период на стабилно и топло ...

89 поврзани вести »

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

А1 On - пред: 18 часа

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска-Давкова го победи кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски во сите скопски општини и дел од општините во близина на Скопје.

567 поврзани вести »

Сообраќајка кај наплатната рампа кај Градско-четири лица се повредени

А1 On - пред: 18 часа

Сообраќајна несреќа на стариот реконструиран пат Градско-Велес. Несреќата се случила на стотина метри од наплатната рампа кај Градско синоќа околу 22 часот. Според информациите дошло до судир меѓу две возила.

11 поврзани вести »

Во Газа загинале 34.305 луѓе

А1 On - пред: 19 часа

Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека 34.305 лица загинале во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу палестинското исламистичко движење и Израел. Во последните 24 часа загинале 43 лица.

139 поврзани вести »

Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор

А1 On - пред: 19 часа

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор.

79 поврзани вести »

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

А1 On - пред: 20 часа

Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија. Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во ...

41 поврзани вести »

Почина Велибор Џаровски-Џаро

А1 On - пред: 20 часа

На 75-годишна возраст, по кусо боледување, денеска почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа ...

89 поврзани вести »

Обезбеден буџет за изградба на Турскиот театар-Скопје, завршени покривот и фасадата на објектот

А1 On - пред: 20 часа

Надворешноста на новиот објект на НУ Турски театар-Скопје – неговата фасада и покрив се завршени, и проектот за изградба продолжува во трета фаза во која ќе бидат поставени внатрешни инсталации за што е во тек јавна набавка за избор на изведувач.

29 поврзани вести »

Приведени две лица во Тетовско, украле пари од казино

А1 On - пред: 20 часа

Полицијата вчера ги лишила од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено поради сомнение дека околу четири часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје од вработените одзеле пари.

22 поврзани вести »

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

А1 On - пред: 20 часа

Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја. Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.

98 поврзани вести »

(ВИДЕО) Падна познатата ветерница на врвот на Мулен Руж

А1 On - пред: 21 часа

Легендарната црвена ветерница на врвот на Мулен Руж, најпознатиот париски кабаре клуб, паднаа на земја во текот на ноќта, изјави портпаролот на клубот. „Не знаеме што се случило, се случило помеѓу два и три часот наутро.

23 поврзани вести »

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

А1 On - пред: 21 часа

Петмина тинејџери се обвинети за терористички дела за време на истрагата за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј претходно во април, соопшти австралиската федерална полиција (ФФП).

27 поврзани вести »

Сиљановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во три, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во една

А1 On - пред: 21 часа

Гордана Сиqановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаrовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а ...

567 поврзани вести »

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

А1 On - пред: 22 часа

Најмалку шест лица се повредени денеска во руски воздушен напад врз украинскиот регион Черкаси, изјави регионалниот гувернер Игор Табурет. Според неговите тврдења, оштетена е критичната инфраструктура.

8 поврзани вести »

Хамас: Подготвени сме за примирје со Израел во случај на „решение со две држави“

А1 On - пред: 22 часа

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава ...

139 поврзани вести »

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

А1 On - пред: 22 часа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги повика Соединетите Американски Држави и Кина „одговорно“ да управуваат со нивните разлики, бидејќи тој ја започна својата втора посета на земјата за помалку од една година.

42 поврзани вести »

(ВИДЕО) Воен авион се запали и се урна на Алјаска

А1 On - пред: 22 часа

Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром Фербенкс на Алјаска, соопштија властите. Еден од двајцата пилоти во авионот кој превезувал гориво непосредно пред падот пријавил дека авионот се запалил ...