TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Радио МОФ

[Фото] Средношколци од ГУЦ го посетија Радио МОФ

Радио МОФ - пред: 13 часа

Петнаесеттина ученици од скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ (ГУЦ) денеска ги посетија просториите на Радио МОФ и се запознаа со работата на нашиот медиум. Средношколците ги прошетавме низ редакцијата, се запознаа како се „пече“ ...

ОН: Сексуалното насилство во конфликти во 2023 година е зголемено за 50 отсто во однос на претходната година

Радио МОФ - пред: 14 часа

Обединетите нации (ОН) во својот нов извештај за сексуално насилство во конфликти, објавија дека во 2023 година регистрирале вкупно 3 688 случаи, односно 50 отсто повеќе во однос на претходната година.

8 поврзани вести »

Деветтото издание на фестивалот за критичка култура „Крик“ започнува со изложба на Дубравка Угрешиќ

Радио МОФ - пред: 14 часа

Со изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ која ќе се отвори во петок (26 април) во 19:30 часот во КСП Центар „Јадро“, ќе започне деветтото издание на фестивалот за критичка култура „Крик“, во организација на Контрапункт.

8 поврзани вести »

Математичко-информатичката гимназија во Скопје отвори конкурс за упис на нови ученици

Радио МОФ - пред: 14 часа

Државното средно училиште „Математичко – информатичка гимназија“ (МИГ) Скопје распишува конкурс за упис на ученици во прва година за учебната 2024/25 година. Конкурсот е отворен до 31.5.2024.

Новата зграда на Турскиот театар доби кров и фасада, во тек е набавка за внатрешните инсталации

Радио МОФ - пред: 14 часа

Завршена е фасадата и кровот на новиот објект на НУ Турски театар. Во тек е јавната набавка за внатрешните инсталации, односно механика, електрика, машинство и водовод и канализација. Ова денес го изјави директорката на театарот, Ајлин Емин Скоро ...

29 поврзани вести »

Концерт на „Син Пустиње“ во Битола по повод Меѓународниот ден на џезот

Радио МОФ - пред: 16 часа

Со концерт на дуото „Син пустиње“, Младинскиот културен центар во Битола по 10. пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот, 30 април. Концертот ќе започне во 22 часот во кафе бар Порта Џез во Битола.

2 поврзани вести »

Недовршениот портрет од австрискиот сликар Густав Климт продаден за 30 милиони евра во Виена

Радио МОФ - пред: 19 часа

Недовршениот портрет од австрискиот сликар Густав Климт познат како „Портретот на госпоѓица Лизер“, вчера е продаден за 30 милиони евра на наддавање во Виена. Портретот, кој бил нарачан од семејството на еврејскиот индустријалец Адолф Лизер во 1917 ...

12 поврзани вести »

[Видео] Музичко училиште „Боро Џони“ –  расадник на музички таленти

Радио МОФ - пред: 19 часа

Изминатиов период има голема раздвиженост во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица. Освен ученици и наставници, во салата за концерти можеа да се забележат и голем број родители, браќа, сестри, баби и дедовци.

Отворање на групната меѓународна изложба „Периферии“ во Охрид и Струга

Радио МОФ - пред: 20 часа

Од 25 до 27 април во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид и Europe House Струга ќе се одржи групната меѓународна изложба „Периферии“. Како што информираат организаторите, оваа изложба настанала за време на триесетдневната резиденција на ...

7 поврзани вести »

[Инфографик] Речиси ништо не се прави за да опадне бројот на детски раѓања и (вон)брачни заедници

Радио МОФ - пред: 20 часа

Бројот на девојчиња од 15 до 19 години кои живеат во брачна заедница е пет пати поголем отколку бројот на момчиња на оваа возраст, односно во брак живеат 1.355 адолесцентки наспроти 260 адолесценти.

„Социјалистичка зора“ и СЦ „Дуња“ објавија повик за првомајскиот протест

Радио МОФ - пред: 20 часа

„Социјалистичка зора“ и Социјален центар „Дуња“ повикуваат на масовен првомајски протест во Скопје. Во среда, 1 мај, тие се собираат пред споменикот на УРС-овите синдикати, (спроти „Југодрво“) во 11 часот и се приклучуваат на протестот на Сојузот на ...

[Фото] „Лабораториум“ и „За почиста Македонија“ го чистеа Скопскиот аквадукт

Радио МОФ - пред: 21 часа

По повод Денот на планетата Земја, културниот центар „Лабораториум“ и организацијата „За почиста Македонија“ организираа еко-акција за чистење на Скопскиот аквадукт. „Прекрасна понеделничка акција кај аквадуктот.

Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски влегуваат во вториот круг од претседателските избори

Радио МОФ - 25.04.2024

Кандидатите Гордана Силјановска Давкова , поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори. Ова доаѓа откако тие освоија најголем број гласови, од пребројани 3.349 од 3.508 избирачки места ...

567 поврзани вести »

До Обвинителството до затворањето на избирачките места не стигнала пријава за кривично дело за изборите

Радио МОФ - 24.04.2024

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство [email protected] не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, информираат од Јавното обвинителство.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска

Радио МОФ - 24.04.2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) информира ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК).

Излезноста на претседателските избори до 15 часот е за 6% поголема од изборите во 2019 година

Радио МОФ - 24.04.2024

Излезноста на претседателските избори до 15 часот, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) е 35.26%, што претставува зголемување од 6.37% во споредба со изборите во 2019 година. Досега гласале 534.988 луѓе.

308 поврзани вести »

Кино на отворено на техничкиот кампус на УКИМ

Радио МОФ - 24.04.2024

Во четврток (25 април) на техничкиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), со почеток во 20:00 часот ќе се одржи кино на отворено каде ќе се прикажат два филмови од домашна продукција.

4 поврзани вести »

Фестивалот ЕХО утре патува во Штип

Радио МОФ - 24.04.2024

Со селекција од својата програма, ЕХО фестивалот на планински филм продолжува да се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови низ Македонија. Па така, наредно патување и дружба на 25 април е во Штип во Домот на ...

5 поврзани вести »

До 11 часот излезноста е 12.78%, гласале повеќе од 229 илјади гласачи

Радио МОФ - 24.04.2024

Излезноста до 11 часот на претседателските избори е 12.78%, односно 229.417 гласачи, покажуваат податоците на порталот на Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е пресметана врз основа на 97.43% од обработените избирачки места.

308 поврзани вести »

Отворање на изложбата „Дрвото на животот” на Панче Ѓорѓиев

Радио МОФ - 24.04.2024

Во четврток (25 април), со почеток од 19 часот во галерија „Метаноја” ќе биде отворена изложбата на уметникот Панче Ѓорѓиев насловена „Дрвото на животот”. Како што информираат организаторите оваа изложба е прва во склоп на уметничката резиденција ...

2 поврзани вести »