TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2004-04-19 - 2004-04-25

Сакраменто знае да добие и тврди натпревари

Време - 22.04.2004

НБА - ПЛЕЈОФ Двата најдобри офанзивни тима во НБА-лигата заедно постигнаа само 162 коша, а Сакраменто вторпат на домашен терен го совлада Далас во плејоф-серијата од 1. коло на Западот, со 83-79. Крис Вебер го оствари својот прв трипл-дабл во постсезоната (19 поени, 13 скока и 12 асистенции), а ...

Кингси ја добија одбранбената битка со Далас

Утрински

Кристи ги скроти „телињата“

Време

Мајами му се врати на плејофот пред рекорден број гледачи

Дневник
4 поврзани вести »

СДСМ прогнозира добар одѕив

Утрински - 23.04.2004

АНКЕТИ Анкетите на СДСМ покажуваат дека во вториот круг ќе има поголем одѕив отколку во првиот круг од гласањето на претседателските избори, но тоа не го искажуваат во бројки. Партискиот портпарол Борис Кондарко вчера рече дека нивниот кандидат Црвенковски досега имал непосредни контакти со над 35 ...

Апстиненцијата на изборите не е загрижувачка

Утрински

Слабиот одѕив е позитивен демократски чин

Време
3 поврзани вести »

"Комити" истепале момче и оштетиле автомобил

Дневник - 20.04.2004

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Имаше тепачка со дваесетина Албанци, но ние не истепавме минувач, велат "Комитите" Група од околу 40-50 припадници на навивачката група "Комити" истепале тетовец и оштетиле паркиран автомобил, завчера околу 19 часот кај меѓуградската автобуска станица во Скопје, ...

„Комитите“ претепале тетовец и скршиле автомобил

Време

Група Комити на Камениот мост претепале тетовец

Вест
3 поврзани вести »

Ибрахим Ферер ни ја донесе Куба во Скопје

Вест - 19.04.2004

Една Универзална сала е малку за Ибрахим Ферер, па дури и преполна. "Малкуте" што во петокот вечерта ја имаа привилегијата да ја слушнат кубанската sвезда од "Буена виста соушл клаб", заедно со Ферер и неговиот б Една Универзална сала е малку за Ибрахим Ферер, па дури и преполна.

Тропските слики преточени низ гласот на болерото

Утрински

Сензуално патување со музика кубана

Дневник
3 поврзани вести »

Солберг победи во Нов Зеланд

Време - 19.04.2004

РЕЛИ - СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ Петер Солберг е победник на релито во Нов Зеланд откако ја оствари првата победа сезонава во светскиот шампионат. Големи промени во вкупниот поредок донесе ова рели откако зад Солберг завршија Маркус Гронхолм и Марко Мартин.

Прв триумф за Петер Солберг сезонава

Утрински

Солберг го доби дуелот со Гронхолм

Дневник
3 поврзани вести »

По победата над Израел, Македонија на чекор до Софија

Утрински - 19.04.2004

Претквалификациски турнир за младинци во Струмица за ЕП СТРУМИЦА - На претквалификацискиот турнир во Струмица, македонската одбојкарска репрезентација составена од одбојкари родени од 1975 година, ја забележа првата победа совладувајќи ја селекцијата на Израел со 3:1 (23:25, 25:21, 28:26, 25:16).

Македонија ја доби решавачката битка

Дневник

Израелците ги намачија нашите надежи

Вест
3 поврзани вести »

Вмровци обвинети дека ситнат евра за поткуп на Турците

Дневник - 24.04.2004

РАСТЕ ТЕНЗИЈАТА ВО СТРУМИЦА Активисти на ВМРО-ДПМНЕ деновиве раситнуваат евра по струмичките менувачници за да ги поткупуваат граѓаните во Турското-маало, обвини вчера општинската организација СДСМ-Струмица. Зоран Ристов, првиот човек на струмичките социјалдемократи, вчера изјави дека членовите на ...

ВМРО-ДПМНЕ манипулира со Турците во Струмица

Дневник

ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира Турците во Струмичко

Време
3 поврзани вести »

Уапсен шверцер на 40 лаптопа

Дневник - 20.04.2004

НА "МЕЏИТЛИЈА" Четириесет лаптоп-компјутери што требало да бидат прошверцувани во земјава, деновиве биле запленети на граничниот премин "Меџитлија" кај Битола, информираше МВР. Вредноста на запленетите компјутери е 3,2 милиони денари.

Камионџија и цариник се обиделе да прошверцуваат 40 лаптоп компјутери

Вест

Цариник шверцувал лаптоп-компјутери во ладилник

Време
3 поврзани вести »

Повредени двајца водници при судир меѓу тенк и џип

Време - 24.04.2004

НА АРМИСКИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК Еден водник од активниот состав на АРМ е тешко повреден, а неговиот колега поминал со полесни скршеници при вчерашниот судир меѓу две воени возила на армискиот полигон Криволак. По сообраќајната несреќа двајцата припадници на АРМ со хеликоптер се префрлени во Воената ...

Стабилна состојбата на двајцата повредени подофицери

А1

Двајца подофицери повредени во сообраќајка на Криволак

А1
3 поврзани вести »

Концерт и промоција на цеде

Време - 23.04.2004

ЈУБИЛЕЈ НА ГУДАЧКИОТ КВАРТЕТ „ГАЈДОВ“ Гудачкиот квартет „Гајдов“ вечерва во 20 часот во Домот на АРМ ќе одржи концерт и промоција на компакт-диск, со кој ќе одбележи 15 години од постоењето. На концертната програма се дела од Гајдов, Шуман, Лековски, Тошевски, Шуплевски, Моцарт, Шостакович и од ...

Концерт на квартетот "Гајдов"

Дневник

Квартетот "Гајдов" со свечен концерт

Вест
3 поврзани вести »