Не знаеме со сигурност каква ќе биде одлуката на Европскиот совет на министри, кој во декември треба да донесе одлука дали на земјава треба да и бидат укинати визите од страна на Европската Унија. Подобро е да чекаме отколку да шпекулираме за можниот исход, со воздржаност одговара холандската амбасадорка Симоне Филипини на последните информации од Брисел дека е можно одлагање на укинувањето на ...
8 поврзани вести »Министри и претставници на дипломатскиот хор во земјава денеска масовно ја поддржа иницијативата за садење на дрва, која се реализира во рамките на акцијата „Денот на дрвото“. Акцијата која на симболичен начин започна со садење на 100 садници пред спортската сала „Борис Трајковски„ во Скопје е претходница на кампањата која започнува на 19 ноември, ден, кога се очекува да се садат 6 ...
8 поврзани вести »Обвинителите бараат посебно одделение за организиран криминал. Здружението на јавни обвинители ќе иницира измени на законите за кривична постапка и за Јавно обвинителство со цел да се овозможи формирање на специјализирано одделение во Обвинителството за гонење на организираниот криминал.
Сител - Н.Македонија - Н.Македонија
8 поврзани вести »Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) тврди дека Осама бин Ладен е изолиран од секојдневните операции на Ал каеда, но дека, и покрај тоа, оваа терористичка организација и натаму останува најголемата закана за САД, пренесуваат светските агенции. Според директорот на ЦИА, Мајкл Хајден, терористот број еден во светот најверојатно се крие во планинските реони во северозападен Пакистан.
Канал5 - Кирилица - Нетпрес - Утрински - Форум - Вест - Дневник
12 поврзани вести »Поштата пред приватизација. Министерството за транспорт и врски вчера објави оглас за консултантски услуги за изготвување студија за избор на најповолен модел и обем на делумна приватизација на „Македонска пошта“. Огласот е меѓународен и, покрај во домашните печатени медиуми, ќе биде објавен и во меѓународниот дневен весник „Фајненшел тајмс“.
Сител - Нетпрес - Макфакс - Кирилица - Вечер Прес - Форум - Канал5
12 поврзани вести »Парафраза на „Орестија“, која Јуџин О’Нил ја сместува во времето на американската Граѓанска војна. Вечерва и утре во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, гостува најреномираната театарска куќа во Хрватска, Хрватско народно казалиште од Загреб. ХНК доаѓа со драмската класика на Јуџин О’Нил, „Црнината и' прилега на Електра“, во режија на Матеја Колежник.
Дневник - Канал5 - Кирилица - Алфа - Дневник - Вест
11 поврзани вести »Могадишу, 16 ноември (МИА) - Сомалиските пирати киднапираа синоќа јапонски трговски брод со екипаж од петмина Јужнокорејци и 18 Филипинци. Бродот „Џемстар Винс“ бил нападнат од вооружени пирати во близина на сомалиското крајбрежје во околината на Аденскиот Залив, а судбината на екипажот се уште не е извесна.
Форум - Нетпрес - Алфа - Кирилица - Форум - Кирилица
11 поврзани вести »Вториот крак од јужниот европски гасовод ќе минува и низ Македонија. Лондон - Европската унија го претстави својот амбициозен план за јужниот гасовод преку кој ќе се транспортира енергија од наоѓалиштата во Средна Азија за земјите од ЕУ и другите западни земји, а чија основна цел е намалување на сегашната голема зависност на европските земји од рускиот гас.
Алсат-М - Кирилица - Форум - Макфакс - Кирилица - Алсат-М
11 поврзани вести »Управата за јавни приходи не сака да одговори дали ќе бидат преземени казнени мерки за нерегуларностите конструирани при неделната акција на повеќе државни инспекторати на автопазарот на „Фершпед“. При рацијата ниту еден продавач немаше фискална каса, ниту, пак, се издаваа фискални сметки.
А1 - Време - Алфа - А1 - Време - Дневник
11 поврзани вести »Здравството во Македонија претпоследно во ЕУ. Стокхолм - Македонија според здравствените услуги е на претпоследно место меѓу членките на ЕУ и кандидатките. Ова произлегува од Годишниот извештај на шведската Организација за анализа и информации за здравствената заштита „Health Consumer Powerhouse (HCP)“, во кој се рангирани сите 27 членки на ЕУ, плус Швајцарија и Норвешка, како и две земји- ...
7 поврзани вести »