Шпанија е потреена од скандал што предизвика жестоко реакции откако беа објавени аудиоснимки за кои се тврди дека претставуваат разговор на шпански војници кои отворено се фалат како малтретирале мигранти во енкалвата Сеута на африканскиот брег.
Шпанското Министерство за одбрана вчера доставило до дежурниот суд во Сеута аудиоснимки на кои се слуша како војници се смеат додека раскажуваат за тепање и понижување мигранти. Снимките ги објави шпанскиот медиум „Ел диарио“, а на нив се слуша разговор меѓу најмалку тројца ...