TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Камперите од езеро Треска обвинуваат за намерно уништување на комплексот

Канал5 - 26.01.2021

Општина Сарај продолжува со интензивното расчистување на просторот околу езерото Треска, но камперите немаат намера доброволно да си заминат. Иако им беше даден ултиматум да ги отстранат своите приколки до крајот на февруари, тие се децидени дека ...

(ВИДЕО) Чие е езерото Треска – на скопјани или на Општина Сарај?

360 степени - 26.01.2021

Секој вработен скопјанец или скопјанка, на крајот на 70-ите години, одвоил дел од платата за да се изгради езерото „Треска“. До средината на 90-ите години рекреативниот центар, направен со самопридонес, ја имаше својата оригинална намена.

Директорот на ЈКП Сарај се огласи: Комбето е наше, ги уверувам граѓаните дека никој ништо не краде, се расчистува ...

Фактор - 25.01.2021

Директорот на ЈКП Сарај тврди дека се невистините информациите кои кружат во дел од медиумите за кражба на канделабри и друга урбана опрема од објектот на некогашниот спортски центар „Треска“.

Езерото Треска, некогаш рекреативниот центар, направен со самопридонес, а денес руина

Скопје1 - 26.01.2021

Чие е езерото Треска – на скопјани или на Општина Сарај? Според документот, кој е Урбанистички план за надвор од населено место, комплексот е поделен на 4 блока. Во Блок 1, кој го опфаќа брегот на езерото, може да има спортски терени, аква-парк, ...

Рекреативниот центар Треска плодна почва за крадците на старо железо?

Канал5 - 25.01.2021

Стана ли Рекреативниот центар Треска погодна почва за крадците на старо железо.. Додека од една страна, општината ги отстранува дотраените објекти, од друга страна, се погласни се информациите дека граѓани вршат пустош.

ЖАЛНА И ТАЖНА СЛИКА: СРЦ „Треска“ срамнет со земја, останати се само камп-приколките

Вечер Прес - 25.01.2021

Моторни пили деновиве ги исекоа некогашните ресторани, бунгалови, тушеви, тоалети, гардероби, магацини. По наредба на Општина Сарај се срамнува со земја сè што порано го користеа скопјани кога езерото функционираше, а по неговото затворање, беа ...

ЈКП Сарај: Не е точно дека некој краде опрема од езерото Треска

Слободен Печат - 25.01.2021

Директорот на ЈКП Сарај тврди дека се невистините информациите кои кружат во дел од медиумите за кражба на канделабри и друга урбана опрема од објектот на некогашниот спортски центар „Треска“.

Грабеж на „Езерото Треска“, ги сечат канделабрите и ги ставаат во комбиња без регистрации

Скопје инфо - 25.01.2021

Во Спортско рекреативниот центар „Езеро Треска“ викендов се слушаат само моторни пили со кои се сече се што може да биде исечено во некогашните ресторани, бунгалови, кафулиња, гардероби и тоалети, објави порталот А1он.мк.