Овој правосуден систем подобен и во служба на моќни поединци, со години се градел и секогаш кога ќе се јави потреба инсталациите од СДСМ и ДУИ во него се активираат, велат од ВМРО-ПМНЕ. „Кога некој од блиските на СДС и ДУИ ќе се најдат во тесно и во судир со правдата, како по ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинува дека правосудството оставено од претходната власт на СДСМ и ДУИ функционирало со, како што велат од партијата, двојни стандарди и дека граѓаните не ја чувствуваат еднаквоста пред законот.
„СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, a денес нивните кадри ги штитат нивните блиски и нивните интереси. Дозволете да потсетам на дел од нив, лица кои се блиски до структурите на СДС“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.