Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните.
Покрај јавниот долг, кој во вториот, споредено со првиот квартал од годинава се намали на 58,8% од БДП, намалување има и кај државниот долг, изјави денеска Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. – На месечно ниво имаме намалување и на државниот долг од 0,2% од БДП.
Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција.