Ивор Мицковски, политички аналитичар, советник, колумнист и новинар специјализиран за надворешно-политички прашања, со жестока реакција за случувањата во правосудството наброја повеќе одлуки во крупни и јавноста добро познати случаи, оценувајќи дека сето тоа се случило во период ...
Осудените за несреќата кај Ласкарци, во која автобус на гостиварскиот превозник „Дурмо Турс“ излета од автопатот, а животот го загубија 16 лица, додека 30 беа повредени, излегуваат од затвор и ќе се бранат од слобода. Предметот оди на повторно судење по одлука на Врховниот суд.
Одлуката на Врховниот суд за укинување на пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци е разочарување и е последица на „рецидиви и остатоци“ од претходната власт кои сè уште делуваат во правосудниот систем, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања, ...
Имаме триесетина жртви, имаме многу луѓе коишто имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата. Сепак тие остануваат да бидат верни слуги на тие коишто во минатото ги поставиле – рече Мицкоски.