Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им ја честита изборната победа на Илијана Јотова и на Кирил Валчев, изразувајќи очекување за соработка заснована врз меѓусебно почитување, отворен дијалог и искрено партнерство.
Јотова, во завршницата на претседателската кампања, побара Русија да се врати на преговарачката маса, а Бугарија да помогне како дипломатски канал. Таа се заложи контактите со Владимир Путин да се обновуваат во име на целата Европска Унија.
Илијана Јотова е пред убедлива победа во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, што се одржаа денеска. Паралелното пребројување на „Алфа рисрч“ ѝ дава 57,4% од гласовите, наспроти 39,6% за Андреј Ѓуров, додека конечната потврда треба да дојде од Централната изборна ...