Со силно темпо се работи на Вардариште! Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека но сигурно заминува во историјата, вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во видео-објава на социјалните мрежи.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со интензивно темпо продолжуваат работите за затворање на депонијата Вардариште, која со децении важи за една од најголемите еколошки црни точки во главниот град.
Просторот покрај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, кој со години беше запуштен и неискористен, многу наскоро ќе стане модерен, функционален и уреден зелен центар за сите генерации. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека работните активности се ...