Од денеска и официјално Вардар има нов тренер, тоа е Миодраг Божовиќ “Гроф“. Откако “СпортСпорт“ прво го најави, потоа следуваше и потврда од самиот клуб. Јасно е дека пред новиот тренер е тешка задача, како да го извлече тимот од тешката криза, и играчка и резултатска.
По официјалната промоција на Миодраг „Гроф“ Божовиќ за нов шеф на стручниот штаб, ФК Вардар доведе две нови засилувања во тренерскиот тим. Меѓу црвено-црните се враќа поранешниот чувар на мрежата, Гого Јовчев, кој во иднина ќе биде задолжен за работата со голманите.
Аргентинскиот стручњак Кристијан Фабијани експресно ја заврши приказната со Вардар и во меѓувреме „црвено-црните“ беа во потрага по стратег кој ќе има задача да го извлече најдоброто од овој состав на актуелниот првак на Македонија.
Она што го најавивме од ФК Вардар го потврдија. Миодраг „Гроф“ Божовиќ е нов стратег на „црвено-црните“, човек со навистина богата кариера. Во долгата тренерска кариера, Божовиќ бил на клупата на дури 23 клубови, а последен пат го предводеше составот на Будуќност, каде што се ...