Саксофонистот и кларинетист Нинослав Споровски е прогласен за најдобар македонски џез музичар за 2026 година во традиционалниот избор на Скопскиот џез фестивал. Спировски има соработувано на бројни џез проекти, од кои најпознати се „Светлост“ и „Одрон ритуал оркестра“.
Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, кој ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот „Храброста на храбрите“ (Bravery of the Brave), на 15 октомври во Националната опера и балет ќе го отвори 45-тото издание на Скопскиот џез-фестивал (СЏФ).