„Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт.
Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширење лаги и паника поврзани со водата за пиење, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да преземат одговорност за, како што велат, кажаните измислици и за тоа јавно да им се извинат на македонските граѓани, од ...
Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар. Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени, реагираат од СДСМ. „Што славеа? Труењето? 22 дена вода со фекалии? Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата“, прашуваат од партијата.
Во овој контекст, организацијата ЦИВИЛ и Зелен ЦИВИЛ упатија апел за деполитизација на кризата уште на 30 јули – повик кој досега е главно игнориран од политичките партии, но и од поголем дел од медиумите кои често се политизирани и избегнуваат повици за конструктивен дијалог.