За време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи. Фото/Unsplash
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Македонија ја очекува сончев и многу топол августовски викенд, со температури кои во повеќе градови ќе достигнат до 36 и 37 степени. Сабота ќе биде претежно сончева, но во делови од западните, североисточните и планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.
Според најавата на УХМР, и во претстојните денови ќе се задржи сончевото и многу топло време, со дневни температури кои на места ќе достигнат и 40 Целзиусови степени Денеска нè очекува сончево и многу топло време со температури до 39 степени.