Решителноста и единството наспроти големите тензии, кои не престанаа и за време на кампањата за референдумот, вродија со плод - на 8 септември на гласање излегоа 71,85% од вкупниот број граѓани со право на глас.
Гледано од тогашен, но многу повеќе набљудувано од денешен аспект, референдумот од 8 септември 1991 година е еден од најсветлите датуми во историјата на македонскиот народ. Не случајно го доби ореолот на Трет Илинден.
После многу бурни расправи во Собранието, референдумот беше распишан на 6 август. Веќе првите августовски анкети на весникот „Вечер“ покажаа дека ќе имаме успешен референдум и дека близу 80% од граѓаните ќе се изјаснат „за“ самостојна и суверена Македонија.