Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, ја нарече владината реконструкција како признание за неуспехот на премиерот Христијан Мицкоски – стерилна претстава со нови министри, зад која продолжуваат старите политики, коалициските пазари и лажниот сјај на власта.
На денешната собраниска седница за реконструкција на Владата дојде до тензична атмосфера за време на обраќањето на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој говореше за пораст на смртните случаи на работници на нивните работни места во последните две години.