Славниот германски тренер Јирген Клоп ќе биде новиот селектор на на репрезентацијата на својата Германија. Дека Клоп ќе биде наследник на Јулијан Нагелсман на клупата на четирикратниот светски шампион се шпекулираше во претходните денови, а ова го потврдува и сознанието на ...
По срамот на Светското првенство и елиминацијата од Парагвај во осминафиналето, Германскиот фудбалски сојуз одлучи да ја прекине соработката со Нагелсман. Тој се повлекува од функцијата менаџер, а работата му е понудена на Јирген Клоп.
Четирикратниот светски првак Германија е едно од најголемите разочарувања на СП 2026, откако беше елиминирана уште во 16-финалето од Парагвај. Мечот заврши 1:1, а на пенали, за прв пат во историјата на светските првенства се случи Германија да загуби.