Тропски ноќи и врели денови – време кога температурите преку ноќта не паѓаат под 20 степени, а бетонот на улиците не успева да се олади. Спасот за спиење во прегреаните домови многумина го бараат во клима-уредите.
Во летните горештини, клима-уредите се најбрзото и најпрактичното решение за разладување на домот. Сепак, голем број граѓани, во обид да заштедат на сметките за електрична енергија, ја вклучуваат климата само повремено – по неколку минути или часови во текот на денот.