Во Македонија повторно се случи онаа тивка, тешка и голема победа на медицината и човечноста: срце од починат дарител продолжи да чука во градите на 52-годишен пациент, а 23-годишно момче доби бубрег и нова можност за поквалитетен живот.
Министерството за здравство соопшти дека на две лица им се пресадени органи од донор, при што изрази почит кон починатиот донор и благодарност до семејството поради согласноста за донирање на неговите органи Органи од починат донор – срце и бубрег – ...
Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага.
Директорот на Клиниката за неврохирургија, д-р Љуљзим Агаи, упати порака за поддршка на националната кампања за органодарителство, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“.