Откако десетици илјади мигранти преминаа од Мароко во шпанската енклава Сеута, повеќето од нив се вратија во својата земја, но голем број деца и млади останаа во Шпанија без родители и соодветна грижа, објави „Индипендент“ .
Мароко ја предупредило Шпанија за миграциските ризици што ги носи неодамнешната одлука на шпанскиот суд уште пред избувнувањето на кризата во Сеута, изјави денеска висок марокански претставник за Франс прес. Тврдењето подоцна беше демантирано од Мадрид, јави ДПА.
Рацин - Трн - Вечер Прес - Либертас
Речиси 70.000 мигранти ја напуштиле шпанската енклава Сеута по минатонеделниот масовен влез од Мароко, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка. Според него, во Сеута влегле околу 72.000 мигранти, а приближно 70.000 веќе се вратиле во Мароко.
Лажните објави на социјалните мрежи дека границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута е отворена, предизвикаа еден од најголемите миграциски бранови меѓу двете земји во последните години, при што околу 60.000 луѓе пристигнаа на шпанска територија за само неколку дена.