Македонија во среда ќе му оддаде последна почит на еден од своите најзначајни музички автори и изведувачи. Семејството на Владо Јаневски ги објави деталите за последното испраќање, а информацијата до јавноста ја пренесе „Авалон“ продукција.
Граѓаните, уметниците, колегите и семејството, утре во 20 часот пред платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе му оддадат последна почит на еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци , Владо Јаневски.
Вчера македонската јавност ја растажи веста за смртта на еден од најпознатите пеачи во поновата македонска историја, Владо Јаневски. Многумина колеги, пријатели , како и фанови споделија јавни објави во кои изразија тага и последно збогум.
Семејството на Владо Јаневски ја информираше јавноста за терминот и местото на последното збогување со познатиот македонски музичар, кој почина на 66-годишна возраст. Сите кои ќе сакаат да му оддадат последна почит на Владо Јаневски ќе можат тоа да го направат во среда (1 јули) ...
Погребот на Владо Јаневски, еден од најдобрите македонски пејачи на сите времиња, ќе биде во среда. Неговите останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел.