ДРЖАВНАТА РЕВИЗИЈА ОТКРИ СЕРИОЗНИ СЛАБОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПРЕНОСЕН ОПЕРАТОР МЕПСО Со ревизорскиот извештај е опфатено работењето на МЕПСО во 2024 година и тој покажува дека компанијата, која остварува раст на приходите, истовремено се соочува со сериозни слабости ...
По објавување на ревизорскиот извештај за АД МЕПСО од компанијата соопшти дека целосно ги прифаќа наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија и веќе презема мерки за отстранување на утврдените слабости.
АД МЕПСО Скопје остварува раст на приходите, но се соочува со сериозни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства, што директно влијае врз ефикасноста и развојот на електропреносниот систем.
Дваесет години по приватизацијата на поранешното ЕСМ, МЕПСО сѐ уште, не ја решило сопственоста на 33 трафостаници кои се водат како заедничка сопственост со приватната ЕВН Македонија. Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот ...