Турскиот кошаркарски гигант, екипата на Фенербахче, е на прагот да договори големо засилување од НБА-лигата. Според информациите на „Баскет њуз“, турскиот гигант е во завршни преговори со канадскиот центар Двајт Пауел, кој се очекува да потпише едногодишен договор.
НБА ветеранот, и човекот кој што има цели 13 сезони во најсилната кошаркарска конкуренција на светот, Двајт Пауел е нов играч на тимот на Фенербахче. Откако зенитот на своето кошаркарско битисување го одработи во САД, Пауел сега ќе се испроба и во Европа, кога вече опциите за ...