Разорни шумски пожари ги зафатија Хрватска, Грција и Македонија, предизвикувајќи масовни евакуации, повредени граѓани и огромна материјална штета Балканот се соочува со драматична и критична состојба откако разорни шумски пожари истовремено ги зафатија Хрватска, Грција и ...
Албанското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека во земјата и натаму се активни девет жаришта на шумски пожари, при што пожари се регистрирани во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и во Ѓирокастро, пренесува „Албанијан дејли њуз“ .
Пожар, кој избувна доцна попладнево, во селото Диа кај Тирана, се прошири на голема површина. -Пламените јазици, потпомогнати од ветерот, се шират брзо, додека чадот ја покрива целата област. Пожарникарите продолжуваат да се борат со пламените јазици, кои се со големи размери.