Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија во моментов има 5-6 сериозни потенцијални инвеститори за изградба на дата центри , кои би биле дел од развојот на индустријата поврзана со вештачката интелигенција.
Пет до шест сериозни потенцијални инвеститори се заинтересирани за изградба на податочни центри во Македонија, а доколку се реализира половина од планираните инвестиции, земјава би можела да остварува извоз на услуги вреден стотици милиони евра.