Судиите-поротници во Основниот кривичен суд Скопје почнаа мирен протест поради ниските дневни надоместоци и нерешените барања што во изминатите две години ги доставувале до Министерството за правда и Судскиот совет.
Постојниот Правилник, според кој се исплаќаат дневниците, како што изјави тој за медиумите, е стар повеќе од 15 години, додавајќи дека Судскиот совет во повеќе наврати се обратил до Минитерството за правда и до Владата со барање ова прашање да биде решено што е можно побрзо ...
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем.