Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук информираше дека Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за граѓаните на Гостивар, поради сомнежите дека водата од градскиот водовод е причина за здравствените проблеми кај поголем број жители.
Поради актуелниот проблем со питката вода и забраната за нејзино користење за пиење, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 20.000 шишиња вода, кои ќе им бидат ставени на располагање на сите граѓани на кои им е потребна.
Град Скопје испраќа помош за жителите на Гостивар, каде во изминатите денови повеќе граѓани побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, а надлежните институции сè уште ги утврдуваат причините за состојбата.