Пандемијата на коронавирусот влијае на животот на луѓето не само во здравствен, социјален и економски поглед. Светот застана, но застана и Земјата. Според најновите информации, планетата исто така позабавено се мрда од вообичаено.
Некогаш преполните улици сега се празни. Сообраќајот е сведен на минимум и сѐ помалку и помалку луѓе се движат наоколу. Глобалните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот го направија светот потивок и тоа го забележуваат и научници.
Во текот на последниов месец, поради пандемијата на коронавирусот, сведоци сме на историски промени во секојдневниот начин на живот на многу Европејци. Голем број градови се во своевиден карантин, запрен е јавниот сообраќај, а работат само аптеките ...