Изолирани ситуации во реновираниот дом може да настанат сами по себе, но објектот е под гарантен рок и изведувачот постапува и ги санира. Но, несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот, ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ги отфрли обвинувањата на СДММ за лоши услови во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, откако опозицијата алармираше за влага, протекување вода и проблеми со греењето и топлата вода.
Проблеми со канализацијата, оштетена опрема и несоодветно користење на заедничките простории се дел од ситуациите со кои се соочило раководството на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, иако објектот неодамна беше реконструиран.
Откорнат радијатор, влажни марамици фрлани во канализацијата и палење цигари во собите се дел од однесувањето во студентскиот дом „Стив Наумов“ за кое реагираше Ина Многуфина, упатувајќи остри критики кон оние што го оштетуваат јавниот имот.