Понекогаш не сфаќаме колку светот се променил сè додека не почнеме да раскажуваме нешто од нашето детство. Photo by Igor Omilaev on Unsplash За нас тоа беа сосема обични денови. За помладите генерации, многу од тие приказни звучат речиси неверојатно.
Некогаш љубовта не се мереше со бројот на пораки, лајкови или заеднички фотографии. Photo by bennett tobias on Unsplash Се препознаваше во малите, секојдневни постапки. Во човекот кој доаѓаше на време затоа што знаеше дека некој го чека. Во писмото кое се читаше десетина пати.
Модата беше смела, шарена, музиката незаборавна (песните се хитови и денес), а пријателствата се создаваа преку разговори лице в лице, а не преку екрани. Забавата ги зближуваше луѓето, а обичните моменти честопати стануваа спомени за цел живот.